Домашни настани

Извештај: Мотокрос „Смолево 2013“ - 23.06.2013

Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс на23 јуни на патеката Смолево крај Битола се одржа третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.

Следете нè на:

 

MX1MX2MX3Стартот на трката во Смолево

Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс на23 јуни на патеката Смолево крај Битола се одржа третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.

Повеќеилјадната публика имаше можност по топло и сончево време да ужива во атрактивните возења и прекрасни скокови на најдобрите македонски натпреварувачи, како и на гостите од Црна Гора, Србија, Грција и Албанија.

Во најмалата класа МХ65 во двете возење видовме изедначена борба на Антониос Сагмалис од Грција, Миодраг Станојевиќ од Србија и нашиот Лука Ристевски. Сагмалис беше најуспешен во првото возење, а Ристевски победи во второто возење. Сепак во вкупниот пласман победник беше грчкиот натпреварувач, Ристевски мораше да се задоволи со второто место на подиумот, а трет беше Станојевиќ.

Во другата јуниорска класа МХ85 победи гостинот од Црна Гора, Виктор Ивановиќ. Пласманот во двете трки беше ист како оној на пиедесталот, Ивановиќ пред нашите млади надежи од МК Мотостарс, Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ.

Во класата МХ2 во двете возења повторно видовме голема битка помеѓу клупските другари од МК ЛТД спортс од Битола, Никола Гулевски и Михаил Бајовски во која се замешаа и Младен Станојевиќ од Србија и Петрос Танусис од Грција. Во првата трка победи Гулевски, втор беше Танусис, а трет Бајовски кој имаше и пад во првиот дел од трката што го одалечи од водечките. Во втората трка Бајовски сигурно победи, пред Гулевски и Станојевиќ, додека Танусис имаше технички проблеми со мотоциклот. Во вкупниот пласман прв беше Гулевски пред Бајовски и Станојевиќ.

Во најсилната класа МХ1 очекувано уште една убедлива победа однесе најдобриот македонски претставник Гоце Томовски (МК Гого) кој во квалификациите го извозе и најбрзиот круг на денот 1:52,517. Публиката со аплаузи ја награди неговата победа и во заедничка конкуренција на класите МХ1, МХ2 и МХ3. Второто место го освои гостинот од Албанија, Петрит Ѓерѓи, а трет беше неговиот сонародник Серди Гјатоли.

Возбудлива трка видовме и во класата МХ3. Најдобар беше Мирче Ќорнаков (МК ЛТД спортс) пред клупскиот колега Борче Костов и Акис Теодорос од Грција.

Извор: „МФМ“

 

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!