motori nikola-gulevskiМотоциклистичката Федерација на Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди стипендии за тројца македонски талентирани кросисти.

nikola-gulevski

Мотоциклистичката Федерација на Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди стипендии за тројца македонски талентирани кросисти.  Во рамките на стипендијата „Спортска Надеж“ паричен надоместок ќе добиваат Никола Гулевски и Андријан Ристевски од Битола, и Марин Сугарев од Велес.

andrijan ristevski

Во делот на подобрување на можностите за младите спортисти како темел за иден развој на македонскиот спорт, Агенцијата за млади и спорт објави дека на предлог на МФМ ги верификуваше новите носители - млади спортисти до 20 години кои се стекнуваат со стипендијата „Спортска надеж“.

marin-sugarev

Стипендијата „Спортска Надеж“ претставува паричен надоместок која талентираните спортисти ја добиваат во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година (4200 денари месечно).

Агенцијата за млади и спорт оваа стипендија ја доделува во насока на развој на спортот, поддршка и стимулација во остварувањето на повисоки спортски резултати и обезбедување на квалитетна иднина за македонскиот спорт. Стимулот на младите од овој тип, значи многу за младите талентирани спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и создавање идни репрезентативци кои ќе ги бранат боите на државата.

Церемонијата на доделување на стипендиите ќе се одржи во месец декември, а наградите за најдобрите мотоциклисти во 2012 ќе се одржи по генералното собрание на МФМ, на почетокот од следната година.

Back To Top