Домашни настани

Најава: Мотокрос трка на Братиндол (27.09.2015)

Првата трка од отворениот домашен шампионат во мотокрос ќе се одржи на 27-ми септември (недела) на патеката Братиндол во Битола со почеток од 11 часот.

Следете нè на:

 

plakat motokros bitola

Првата трка од отворениот домашен шампионат во мотокрос ќе се одржи на 27-ми септември (недела) на патеката Братиндол во Битола со почеток од 11 часот.

Мото клубот „Мото Старс“ во соработка со МФМ ја организираат првата трка во сезоната која ќе се бодува за домашниот шампионат. Шампионатот е од отворен карактер па публиката ќе има прилика да ги проследи и возењата во класата Опен како и претставници од Грција кои ќе настапат во повеќе класи.

Според нашите информации на трките ќе настапат: Во класата МХ1 - Гоце Томовски, Слободан Ивчески, Синиша Николовски, Александар Србаковски, Ванов Драга, Сугарев Марин, Васко Киров, Саше Трајков, а сеуште е неизвесен настапот на Христијан Илиоски. Во класата МХ2 ќе настапат: Михаил Бајовски, Христијан Станкович, Виктор Караколев, Ангел Ристов и Петрос Танусис. Во класата МХ3 ќе ги проследиме: Борче Костов, Мирче Ќорнаков, Јове Стојков, Борче Мојсовски, Хамит Џеладини, Арбен Имери, Сашко Ванов и Ване Јовановски. Во класата до 85цм3 до сега има двајца најавени учесници, Самир Бишевац и Елези Алуш кои нај веројатно ќе бидат приклучени на МХ3 или Опен класата. Најавени се и 8 гости од Грција поделени во сите класи.

Настанот започнува во 10 часот изутрина кога ќе биде отворена вратата за посетителите, цената за влез е 50 денари, а трките започнуваат од 11 часот. За возачите важно е да се напомене дека секој ќе треба индивидуално да плати осигурување на самата патека во износ од 200 денари.

 

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.