Следниот викенд на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи третата трка од мотокрос шампионатот на Македонија.

33634 479272775329 5135316 n

Следниот викенд на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи третата трка од мотокрос шампионатот на Македонија.

Организатор на трката е мото клубот Вардар кој на 20-ти септември прослави 35 години постоење. По тој повод предвидено е пред почетокот на трките сите поранешни возачи во мотокрос да свртат почесен круг на патеката.

27816 424681215329 5047964 n

Ова е и повик до сите оние кои се занимавале со мотокрос во Македонија, да дојдат во недела (6-ти октомври) на патеката Орман и заедно да го одбележиме овој настан. За возачите на почесниот круг мото клубот Вардар ќе обезбеди и спомен признанија.

За натпреварувачите во класите МХ1, МХ2 и МХ3 важи истиот правилник кој беше доставен пред трката која требаше да се одржи на 25 мај.

Тренингот во недела започнува во 10.30 часот, а потоа ќе се вози и трката во класата МХ3 (хоби). Свеченото отворање е закажано за во 12 часот, кога ќе се вози почесниот круг, а веднаш потоа ќе започнат и трките во класите МХ1 и МХ2.

Back To Top