Домашни настани

Најава: Тренинг во Кичево на 29 и 30 март (надополнето)

Викендот кој следува ќе биде организиран отворен тренинг за брзински мотори на патеката во Кичево.

Следете нè на:

 

trening-kicevoБрзинскиот мотоциклизам се враќа во Кичево

Викендот кој следува ќе биде организиран отворен тренинг за брзински мотори на патеката во Кичево.

На 29 и 30 март на патеката во Кичево ќе биде организиран отворен тренинг за сите љубители на брзинскиот мотоциклизам. 

Патеката во сабота ќе биде отворена во 10 часот, доколку сакате да помогнете дојдете порано со цел побрзо да се исчисти патеката за потоа да може да се вози.

Напомена: Доколку доаѓате со намера да возите не заборавајте дека опремата е задолжителна и дека возите на сопствен ризик!

Целта на тренингот е возачите кои настапуваат на Источно Европскиот шампионат да влезат во форма, а секако тука се и сите останати кои сакаат да се провозат на патеката во Кичево. Според најавите, доколку има интерес на тренинзите и доволно возачи можно е по пауза од неколку години повторно да се организираат мото трки во Кичево.

Временската прогноза е одлична, не очекува сончево време во сабота и променливо облачно во недела со температури од 18 степени. Неделната дестинација овој викенд нека ви биде патеката во Кичево.


 По објавата на информацијата за тренингот до нашата редакција пристигна и допис со препораки од МФМ:

Ставот на МФМ е дека патеката во Кичево воопшто не е безбедна со оглед на состојбата во која се наоѓа.

МФМ дава препорака на патеката да бидат обезбедени и следните услови:

  • Брза помош
  • Противпожарна служба
  • Судии и редари со радио врски и ПП апарати
  • Чистење на патеката со цистерна
  • Осигурување за сите учесници
  • Осигурување за публиката и организаторите
  • Саатница со термини и услови кои секој учесник треба да ги исполнува

За крај МФМ потсетува и дека целата организација нема никаква допирна точка со Мотоциклистичката Федерација на Македонија.


Иницијаторите на настанот се согласуваат со препораките од МФМ и затоа тренингот овој викенд ќе биде од затворен карактер. Секако доколку има заинтересираност останува можноста во иднина да се најде клуб кој ќе застане организационо зад настани од овој карактер и потоа да се организира трка согласно пропозициите и правилата на МФМ.

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.