Во организација на МФМ одржани натпреварите од Шампионатот на Македонија и БМУ Европскиот Шампионат во Брзински Мотоциклизам 2018 година

Изминатиот викенд за прв пат после повеќе од 10 годишна пауза Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на два натпревари од БМУ Европскиот Шампионат во Брзински Мотоциклизам за 2018 година. Натпреварите воeдно беа предвидени да бидат дел од Шампионатот на Македонија за 2018 година, но поради недоволниот број македонски натпреварувачи, оваа година иститe ќе биде од ревијален карактер.

DSC 0850

Одличниот натпреварувачки викенд и борбата која во сите класи за БМУ Европскиот Шампионат ја приредија околу 70 натпреварувачи во 5-те класи, беше навистина убава причина за сите кои присуствуваа на патеката во Серес да уживаат во мото натпреварите.

Македонските натпреварувачи на овој натпревар се претставија навистина одлично земајќи ги во предвид буџетитите со кои располагаат во споредба со тимовите од Бугарија, Турција и Романија.

Во најмалата класа, класата 125 кубни сантиметри, Христијан Бузалковски го освои подиумот на натпреварот во Саботата и второто место во Неделниот натпревар.

Во класата Формула 1000, Слободан Ивчевски го освои третото место на натпреварот во Неделата.

Дебитантите на овој натпревар Филип Филиповски во класата Формула 600 и Менде Бошевски во класата Формула 1000 извозеа добар натпревар, со константно возење и освоени 10-то и 14-то место.

По организацијата на овој Меѓународен натпревар Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе продолжи со активностите за промоција на мотоциклизмот и мотоспортот, а особено во насоката за анимирање и организација на школи и натпревари за млади натпреварувачи до 18години.

Извор: Мотоциклистичка Федерација на Македонија

Back To Top