Минатиот викенд по теркот на сличните настани низ светот, во Македонија се одржа првата Ендуро Манијакс трка.

enduro-maniacs-veles

Минатиот викенд по теркот на сличните настани низ светот, во Македонија се одржа првата Ендуро Манијакс трка.

Мото клубот Мото Велес во неделата (10-ти ноември) ја организираше првата ендуро трка од овој вид кај нас. На трката учестуваа 30-на возачи од повеќе градови, кои имаа тешка задача да ги извозат двата круга по тешки офф-роуд терени.

Како што доликува на трка од овој калибар, првиот круг се возеше од Езеро Младост до Катланово и назад, а вториот кон селото Рудник. Патеката се одликуваше со екстремни искачувања и брзи офф-роуд делници.

Учесниците беа задоволни од возењата и терените кои ги поминаа и најавија повторно учество во следното издание идната година за кое организаторот ќе им приреди изненадувања и нови предизвици.

 
Сликите се превземени од албумот на организаторот на трката со негова дозвола.

Back To Top