Второто Оф Роуд Шоу кое се одржа во склоп на последната трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат во областа Стенковец крај Скопје, секоја година станува се поинтересно, повозбудливо и попосетено.

Второто Оф Роуд Шоу кое се одржа во склоп на последната трка од БМУ Европскиот ендуро шампионат во областа Стенковец крај Скопје, секоја година станува се поинтересно, повозбудливо и попосетено.

off road show skopje 2017 15

Оваа година учество земаа 71 мотоцикл, 7 квадови и 2 УТВ, кои беа распоредени во различни класи. Трката се одржа на суво и сончево време кое видно и одговараше на публиката која дојде да го проследи овој настан. Од 80 натпреварувачи трката ја завршија 50, а повеќе од 30 беа во класите Е1 и Е2.

off road show skopje 2017 36

Во класата Е1 најбрз беше Христијан Станковиќ кој е член на клубот Мотостарс од Битола, додека на втората и третата позиција завршија Илија Минев и Даган Ванов. Во оваа класа настапија 18 натпреварувачи меѓу кои и познатиот ветеран Борче Костов од Битола кој заврши на шестата позиција.

23167589 1478772108885948 5315110389274385032 n

Во класата Е2 кој беше најбројна со 21 натпреварувачи Михаил Бајовски (Hamachi Extreme) извојува победа и севкупно беше побрз за 49.04 секунди од Виктор Караколев на втората позиција, додека како трет најбрз на целта стигна Костадин Ќириќ.

23167820 1478772035552622 9024382033544599832 n

Тука беше и класата „Олд Старс“ каде настапија ветерани, а првото место го освои Ивица Милошевиќ пред Борче Костов и Мати Натри.

23172701 1478771958885963 1855412911274493454 n

Во продолжение погледнете ги резултатите од возачите кои се бодуваа за БМУ Европскиот ендуро шампионат.

23231532 1478771965552629 5326285599343205954 n

Мото Клубот МК Александар и МК Мотори под покровителство на Мотоциклистичка Федерација на Македонија уште еднаш покажаа дека едноставно можат и знаат како да организираат настан од ваков тип, па затоа очекуваме уште многу подобри настани во иднина.

За галеријата од настанот кликнете овде.

Извор: BrzKrug

Back To Top