Домашни настани

Успешна организација на првите трки со скутери и супермото

На патеката во Волково викендов се одржаа првите трки со скутери и супермото во организација на мото клубот Сакамото од Скопје.

Следете нè на:

 

volkovo-1-30Успешен старт на трките со скутери и супермото за 2014

На патеката во Волково викендов се одржаа првите трки со скутери и супермото во организација на мото клубот Сакамото од Скопје.

Сончевото време беше магнет за многу моторџии од целата земја да присуствуваат на првите трки со скутери и супермото кои се организираа по пауза од неколку години. Мото клубот Сакамото беше организатор на трките на кои учествуваа вкупно 20 натпреварувачи.

Трките со скутери се возеа во две класи, до 50 кубни сантиметри во која имаше 8 натпреварувачи и над 50 кубни сантиметри во која силите си ги одмерија 7 натпреварувачи. Во супермото се возеше во една дивизија во која следевме 5 натпреварувачи.

Публиката имаше можност да ужива и во трката на тројцата најмлади натпреварувачи кои ревијално возеа два круга на општо задоволство на сите присутни.

volkovo-1-39Иднината на македонскиот мотоциклизам

Возбудувањата во Волково започнаа со трката со скутери до 50ццм, од која како победник излезе Перо Јордановски, пред Бранислав Милошевски и Виктор Караколев. Трката беше исполнета со возбудливи маневри и неколку претекнувања, за на крајот Јордановски заслужено да дојде до победата.

volkovo-1-52#26 Перо Јорданов, Бранислав Милошевски, #28 Виктор Караколев

Во продолжение и резултатите од трката:

Скутери 50 кубни сантиметри

  1. Перо Јордановски
  2. Бранислав Милошевски
  3. Виктор Караколев
  4. Христијан Спирковски
  5. Илија Петрушевски
  6. Виктор Таневски
  7. Мартин Јаневски
  8. Бојан Мишевски

Следна на програмата беше трката со скутери со зафатнина поголема од 50ццм. Во неа следевме голема борба за првата позиција помеѓу Даниел Блажевски, Оливер Гиовски и Александар Ацевски. На крајот победата му припадна на Гиовски кој до последниот свиок се бореше со Блажевски кој стартуваше од последното место, а на задоволство на бројната публика ни прикажаа одлична трка.

volkovo-1-76#13 Оливер Гиовски - Мачка пред Даниел Блажевски

Скутери над 50 кубни сантиметри

  1. Оливер Гиовски
  2. Даниел Блажевски
  3. Александар Ацевски
  4. Марин Сугарев
  5. Александар Цилаков
  6. Александар Ангеловски
  7. Стефан Кочов

За крај на денот следуваа и трките со супермото. Се бодуваа во две класи, 250 и 450ццм, но се возеше во една дивизија бидејќи имаше само 5 натпреварувачи. Убедливо најдобар на патеката беше Слободан Ивчески кој немаше конкуренција, но затоа пак борбата за втората позиција помеѓу Драган Ванов и Зоран Каранфиловски беше вистински празник за очи. Втората позиција на крајот му припадна на Каранфиловски но затоа пак во класата до 250 Драган Ванов го зема златниот медал.

volkovo-1-101#27 Слободан Ивчески - Цобо, #28 Зоран Каранфиловски - Каме, #1 Ванов Драган

Во продолжение и резултатите од трките со супермото:

Супермото 250

  1. Драган Ванов
  2. Христијан Бузалковски
  3. Јове Иванов

Супермото 450

  1. Слободан Ивчески
  2. Зоран Каранфиловски

Резултати од дивизија:

  1. Слободан Ивчески
  2. Зоран Каранфиловски
  3. Драган Ванов
  4. Христијан Бузалковски
  5. Јове Иванов

За целата галерија од возбудувањата во Волково кликнете овде.

Следната трка на патеката Волково е закажана за крајот на Јуни, тоа ќе биде втора трка од вкупно 7 колку што се планирани. Иако трките беа најавени дека ќе се бодуваат за шампионатот на Македонија, заради неможноста да дојдат до заеднички јазик организаторот на трките и МФМ, ќе следиме трки за Сакамото купот на Македонија за 2014.

 

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.