Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт прес конференција оддржаа претставниците од МФМ и директорот на АМС, Марјан Спасески.

ams mfm

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт прес конференција оддржаа претставниците од МФМ и директорот на АМС, Марјан Спасески.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги прими организаторите на 24-тото традиционално меѓународно рели „Македонија независност 2015”. Господинот Тошо Маја и претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски, го запознаа директорот Спасески за тековните подготовки и целокупната организација на ова рели, кое годинава ќе има и хуманитарен карактер.

- Драго ми е што традицијата продолжува и Мотоциклистичката федерација се вклучува во спортските настани за одбележување на државниот празник „8-ми Септември”. Искрено се радувам што годинава, покрај ревијалниот, мото релито ќе има и хуманитарен карактер и ќе добие димензија на привлекување на што е можно поголем број луѓе и компании да ја искажат својата хуманост и општествена одговорност и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно – потенцираше директорот Спасески.

- Најавено е учество на голем број натпреварувачи од Македонија и регионот, па и од Европа. досега се пријавени околу 450 вљубеници на овој спорт, што незначи дека до сабота, бројот на учесници не би се зголемил – изјави претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија Зоран Наумовски.

Релито стартува во сабота (05.09), од порта Македонија, каде во периодот од 08-10.00 часот, Црвениот крст на Р.М. ќе постави пункт за собирање на хуманитарни донации.

Повеќе информации за рутата и пријавата на релито можете да најдете на следниот линк.

Back To Top