motori sr50-3Aprilia SR50 е легендарен скутер кој ги постави темелите на новите технолошки достигнувања во светот на скутерите. SR50 е првиот скутер на кој беше вграден мотор со директно вбрзигување на горивото, водено ладење, двојни дискови како систем за кочење и 13 инчни тркала. 

sr50-3

Aprilia SR50 е легендарен скутер кој ги постави темелите на новите технолошки достигнувања во светот на скутерите. SR50 е првиот скутер на кој беше вграден мотор со директно вбрзигување на горивото, водено ладење, двојни дискови како систем за кочење и 13 инчни тркала. Пионирот во оваа технологија не запира, новите модели носат нов стајлинг кој е инспириран од RSV 1000 R Factory, а тука е и новиот челичен рам. Благодарение на новиот рам, на скутерот му е зголемена ригидноста и има подобрена агилност. Додадете ја на тоа и супериорната мулти-функционална инструмент табла, и добивате прекрасен скутер со одлични перформанси.

Кај новите модели карактеристичен е хоризонталниот двотактен агрегат со еден цилиндар кој има зафатнина од 49цц и развива 3,7 кс кај „SR R“ и 5,4 кс кај „SR R Factory“ моделот. Новиот скутер може да се погледне во салонот на Динамикс на ул. Рузвелтова бб во Скопје, а се продава по цена од 2.590 евра.

Back To Top