Во Динамикс пристигнаа моделите на Kawasaki - Brute Force 750 4x4i EPS и Brute Force 750 4x4i EPS Camo подготвени со сите додатоци да одговорат на зимските предизвици.

kawasaki-wolf-2014-12

Во Динамикс пристигнаа моделите на Kawasaki - Brute Force 750 4x4i EPS и Brute Force 750 4x4i EPS Camo подготвени со сите додатоци да одговорат на зимските предизвици.

Дизајниран имајќи во предвид тешки оф-роуд предели моделот Brute Force 750 4x4i EPS моделот доаѓа опремен со серво систем за управување (Electronic Power Steering - EPS), а за да може да одговори на целодневните задачи ќе се погрижи В-твин агрегатот со зафатнина од 750cm3 кој развива 50кс.

Kawasaki Brute Force 750 4x4 е фантастичен четвороцикл сам по себе, а дополнувањето со снежниот кит го вади максималното задоволство од ѕверот. Гасениците се од врвно производство, доаѓаат со две години гаранција и обезбеден сервис. Монтажата и демонтажата на комплетот за снег се прави за неполн час што ќе ви овозможи брза конверзија на возило кое можете да го возите по пат и снежно превозно средство со кое ќе ги поминете најголемите препреки.

kawasaki-wolf-2014-41

Изложените модели доаѓаат со снежниот комплет плус четири гуми со алуминиумски бандажи. Потоа тука е макарата со која може да се влече до 1.5 тон, како и заден багажник од тврда пластика и кука за влечење. Опционално е и поставувањето на уредот за чистење на снег, како и предната маска која го штити четвороциклот од удари.

Повеќе информации за четвороциклите можете да добиете во салонот на Динамикс лоциран на ул. Рузвелтова во Скопје или на телефон: 02/3079-304

Back To Top