Христијан Бузалковски потпиша договор со „Попе компани“, македонскиот застапник за американскиот бренд „Fruit of the Loom“.

Компанијата која долги години нуди комплетно графичко решение, а воедно е и застапник на американскиот бренд „Fruit of the Loom“ ќе биде спонзор на нашиот нај успешен возач за 2015 година во класата до 125цц.

Возачот на мото клубот „Мотори“, Христијан Бузалковски, викендов во просториите на „Попе компани“ го официјализираше договорот со кој во сезоната 2016 неговата облека ќе биде брендирана од страна на компанијата. Беше одлично да се види дека и во Македонија има луѓе кои се секогаш расположени за соработка и унапредување на спортовите. 

buzo pope 4

Сопственикот на компанијата, Никола Попевски, кој и самиот се занимава со авто спортот срдечно не пречека на презентацијата на делот од облеката која беше изработена за тимот на Бузалковски. Она што не воодушеви беше професионалниот однос и искрената желба за помош на нашиот талент. Соработката не се однесува само на опремата за Бузалковски и неговиот тим, наскоро и неговите фанови ќе можат да набават брендирана маичка од продавницата на Попе компани во центарот на Скопје.

Бузалковски годинава ги започнува со амбиции да атакува на првата позиција, пред него се 8 трки кои започнуваат на 22-ри Април со трките во Грција (Серес). Повеќе за неговите планови за сезоната можете да прочитате во интервјуто кое го направивме пред Нова година.

За крај, го поздравуваме потегот на Попе компани и се надеваме дека се повеќе компании во Македонија ќе инвестираат во мото спортот и во талентираните возачи кои не претставуваат. 

Back To Top