Мехмед има 4 ипол години и сака да вози голем црвен мотор. Малиот Мехмед за жал боледува од леукемија, а фондацијата Златна Рипка се труди на овие дечиња да им ги исполни желбите. Стапивме во контакт со нив, и нашата заложба за реализација на желбата на Мехмед ќе вроди со плод.

mehmed

Мехмед вели: „Сакам да возам голем црвен мотор и да имам убава кацига, ракавици и чизми“. Во соработка со фондацијата како и со нашите партнери обезбедени се мотор, кацига и јакна за Мехмед, идејата е да се собереме во што поголем број и да му овозможиме на Мехмед да се осети како вистински моторџија, што впрочем е негова желба.

Нашата идеја е сето ова да се реализира без никаква медиумска помпа, целта ни е да му ја исполниме желбата на 4 годишно дете болно од леукемија. Затоа ве замолуваме да им пренесете на познаниците, членовите на сите мото клубови, пријателите моторџии со големо срце доколку се во можност во вторник на настанот да присуствуаат со мотори. 

Заради терапијата која ја прима Мехмед сеуште не знаеме во колку часот ќе се реализираме акцијата, знаеме дека ќе биде во вторник (31.03.2015) со почеток од 13.00 часот во АРТ Картинг Центарот (ГП Кафе, кај салата Борис Трајковски). Затоа во вторник појдете со мотор на работа, и бидете подготвени да излезете на кратко, вам нема да ви смени ништо, но на Мехмед ќе му значи се.

Средбата со Мехмед е закажана за во 13 часот во вторник (31.03.2015)

Back To Top