Еуробајкер е фондација која се занимава со социјални теми, започнување и оддржување контакти со лица од цела Европа како и взаемна одговорност. 

Креирана е од страна на неколкумина мотоциклисти кои одлучија да формираат непрофитна организација која ќе им помага на луѓето. Главни делови на оваа организација се взаемното почитување и јавната одговорност.

eurobajkeri

Нивната цел е да го искомбинираат возењето мотоцикл со хуманитарната работа. Со помош на нивните членови како и на големиот број на волонтери, организацијата собира средства кои потоа се донираат на добротворни фондации кои работат во областа на социјалната и здравствената заштита. Членовите на Еуробајкер фондацијата досега ги имаат посетено и помогнато речиси сите Источно Европски земји.

Во Македонија за прв пат беа ЕуроБајкер од Луксембург во 2008 година кога во соработка со мото клубот Мотори од Скопје ја реализираа тогашната донација. Играчки и опрема за потребите на домовите за деца без родители во Скопје и Охрид. Потоа во 2014 година мото клубот Мечки од Куманово беше домаќин на Еуробајкер Германија и притоа организираа хуманитарна акција, а фондацијата донираше медицинска опрема за две установи во Куманово.

Денеска тие повторно се во Македонија, овојпат во Охрид каде во соработка со мото клубот Мечки од Куманово повторно ќе предадат донација на неколку шлепери со опрема и помош за потребите на нашите болници. Повеќе информации за денешната акција како и фотографии од истата ќе објавиме во текот на утрешниот ден.

Но Еуробајкер фондацијата не запира тука, членовите на здружението на 28-ми мај планираат да заминат за Калоча, Унгарија, со цел да помогнат на организацијата „Blauer Vogel“  која се грижи за сериозно болните деца, лицата со посебни потреби и нивните семејства. Секоја година во јуни, во Калоча се организира фестивал со цел да се соберат средства кои потоа им помагаат на семејствата. Средствата наменети за учесниците на фестивалот како и сите пари кои се собираат од влезниците се донираат на сметка на фондацијата.

Back To Top