Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

gusni go svetot

Ќе тргнат од Македонија, ќе ги поминат сите континенти. Ќе изминат копнен пат на мотор од околу 100.000 километри. Ќе го заобиколуваат светот  минувајки низ повеќе од 45 држави. На својот пат тие ќе делат „бесплатни“ гушки на луѓето од сите етнички припадности, вероисповеди и други определби. Тони и Силвана на гушнатите ќе им ја покажат малата Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.

Најпрвин прегратките ќе ги соберат низ сите градови во Македонија, за истите да ги разделат низ светот. Турнејата на собирање прегратки низ Македонија е веќе започната и се споделува на веб страната и нивната фејсбук страна.

Собирањето на прегратки низ Македонија ќе заврши на Светскиот  ден на гушкањето на 21.01.2018 на плоштадот во Скопје.

Ние ќе го следиме патувањето на овој брачен пар и редовно ќе ве информираме за нивните патешествија, следете не.

Back To Top