Макпетрол во својот салон ја изложи новата Хонда MSX125, уникатен, не конвенционален мотор со свој карактер. Иако е мал и лесен, се вози и делува како поголем мотор, што го прави MSX125 одличен избор за прв мотор за тинејџери.

msx125 3

Honda MSX125 има мотор со зафатнина од 124.9 цм3 си два вентила и еден цилиндар, а развива 9,6кс. Она по што е препознатлив малиот мотор на Хонда е малата потрошувачка, благодарение на PGM-FI вбризгувањето на гориво, со MSX125 можете да поминете 80км со само 1 (еден) литар бензин!

Honda MSX125 е достапна за цена од 3.390 евра.

Во салонот Хонда лоциран на бул. Илинденска е изложен и новиот Honda CB650F. 

cb650f 1

Новиот нејкед модел од Хонда е идеален избор за оние кои едноставно сакаат да се качат на моторот и да се возат. CB650F е подготвен за акција, балансот помеѓу перформансите и практичноста за секојдневното возење се негова одлика. 

Моторот со зафатнина од 649 цм3 развива 86кс, а благодарение на електрониката која е вградена во него и модот „WMTC“ потрошувачката можете да ја намалите до 4л/100км. 

Honda CB650F ABS е достапен за цена од 7.990 евра.

Back To Top