Новиот скутер на Honda - NSC50R, пристигна во салонот на Хонда во Скопје. Малиот убавец е достапен во Репсол варијанта, но и во бела и сребрена боја.

nsc-50-r-18

Новиот спортски скутер на Honda - NSC50R, пристигна во салонот на Хонда во Скопје. Малиот убавец е достапен во Репсол варијанта, но и во бела и сребрена боја.

Скутерот доаѓа со 14 инчни тркала, опремен е со комбиниран систем на кочење (CBS), и има неверојатна потрошувачка од само 2 литри на 100км. Ова е овозможено благодарение на моторот со зафатнина од 49цц кој развива 3,5 кс и користи „PGM-FI“ систем на вбризгување на горивото. Скутерот има резервоар со капацитет од 5,5 литри, а под седиштето има доволно простор за целосна кацига. И да не должиме повеќе, скутерот во живо можете да го погледнете во Хонда салонот на Макпетрол, кој се наоѓа во близина на ТЦ „Беверли Хилс.“

Цената на чинење на овој скутер е 2190 евра.

Back To Top