motori maici-event_copyЗа настанот се испечатени маички кои можат да се купат по цена од 300 денари. Маичките се памучни, бела боја со црн отисок и сива боја со бел отисок..

maici-event

За настанот се испечатени маички кои можат да се купат по цена од 300 денари. Маичките се памучни, бела боја со црн отисок и сива боја со бел отисок, па доколку сакате да набавите пред почетокот на настанот можете да пишете на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Да потсетиме, 5 дневна манифестација проследена со многу дружење, посета на интересни локалитети, вечерни забави со жива музика (домашна и странска) и многу други содржини и изненадувања...

Програма:

31.07.2012 (вторник):
Веќе од раните утрински часови- пристигнување и сместување на учесниците
од 16 до 18 часот- зеднички ручек за добредојде во црквата Св. Недела во Катланово (чобанац и графче)
од 20 часот- официјално отварање на Манифестацијата и музичка забава
- во текот на денот учесниците ке имаат можност да дегустираат коњак/бренди од македонско производство

1.08.2012 (среда):
Тура 1: Катланово-СветиНиколе-Штип-Неготино-Крњево-Катланово
- во Крњево е предвиден пикник со дегустација на вино во винаријата Трајковски
од 20 часот- мото игри ("гризни го колбавчето" и др.)
од 22 часот- музичка забава

2.08.2012 (четврток):
Тура 2: Катланово-КриваПаланка-Осоговски Манастир-Куклица-Катланово
од 20 часот- наградна игра за учесниците
од 22 часот- музичка забава

3.08.2012 (петок):
Тура 3: Катланово-Прилеп-МакедонскиБрод-Кичево-Маврово-Катланово
од 20 часот- изненадување
од 22 часот- музичка забава до раните утрински часови

За добрата храна на манифестацијата ке се погрижи тимот на "Куќата крај патот" (Road House)
а за добра музичка забава ке се погрижат неколкуте бенда (секоја вечер различни) со млади и амбициозни музичари...

Напоменувам дека учеството, турите и кампувањето се слободни.

Добродојдени се сите добронамерници расположени за дружба и убав провод... па, ПОВЕЛЕТЕ

Во склоп на манифестацијата "Moto Touring Party 2012", ке биде организирана и хуманитарна распродажба на нова и половна мото-опрема по симболични цени.
За таа цел се повикуваат сите што имаат понекое парче вишок, што долго им стои дома и некако не си ја наоѓа употребата во иднина, да помогнат во акцијата и ги донираат овие работи за хуманитарната распродажба..
Стварите ке може да се остават во канцеларијата на motori.com.mk веднаш до кафичот Конак

Средствата собрани од оваа продажна акција, како и останатите собрани средства ке бидат донирани за деца и младинци со посебни потреби.
Ете, некој ке се отараси од вишокот, а некој пак ке си набави парче по симболична цена... но двајцата остануваат со полно срце знаејки дека помогнале!

ПОДДРЖЕТЕ ПОСЕБНА НАСМЕВКА !

Back To Top