Правиме ретроспектива на сите мото настани кои се случија во 2014, вклучувајќи ги мото собирите, журки, хуманите акции како и трките кои се возеа кај нас.

Како и години наназад, сезоната симболично беше отворена на 1-ви јануари на плоштадот Македонија во Скопје 

Правиме ретроспектива на сите мото настани кои се случија во 2014, вклучувајќи ги мото собирите, журки, хуманите акции како и трките кои се возеа кај нас.

ЈАНУАРИ

01. Јануари - отворање на мото сезона
Традиционален собир на плоштадот Македонија во Скопје каде симболично се одбележува стартот на новата сезона

ФЕВРУАРИ

08. Февруари - Lone Knights MC, 4-та зимска забава
Првата мото журка во сезоната, зимска забава на Lone Knights MC во нивниот клаб хаус во Скопје

15. Февруари - Bears MK Winter Party
Прва зимска забава за мото клубот Мечки од Куманово

МАРТ

01. Март - МФМ: Прогласување на најдобрите мотоциклисти за 2012 и 2013
МФМ по пауза од една година на свечена церемонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2012 и 2013 година во Македонија

08. Март - Fantomi MC winter party
Мото клубот Фантоми од Гевгелија ја организираше својата прва мото журка

29. Март - Ноќни Волци: 8-ми роденден
8-ми роденден на МК Ноќни Волци

АПРИЛ

01. Април - Мото маскембал
Традиционално возење под маски на членовите на форумот

MAJ

04. Maj - Прва ЕндуроКрос трка во Македонија
Прва ЕндуроКрос трка во Македонија, во организација на МК Вардар и МК Мото Велес која се возеше на патеката Орман во Скопје.

10. Мај - MK Cross Bearers, 5-та мото забава
Мото клубот „Носачи на Крстот“ од Велес по петти пат успешно ја организираше својата мото забава која оваа година се одржа на нова локација, кај мотелот Македонија во Велес.

25. Мај - Волково 1: Трки со скутери и супермото
По пауза од две години на патеката во Волково, Скопје, се одржа првата трка од Сакамото купот на Македонија во скутери и супермото, благодарение на мото клубот Сакамото од Скопје.

30/31. Мај - MK Bears: Moto Rock Fest
МК Мечки од Куманово организираа дводневен хуманитарен мото фестивал

ЈУНИ

07. Јуни - Мото собри МК Свети Николе
Мото клуб Свети Николе МЦЦ го организираше својот прв мото собир

20. Јуни - Chopper Club, отворање на клаб хаус
Мото клубот „Chopper Club“ го отвори својот клаб хаус во Скопје

21. Јуни - POTFAT MC, отворање на клаб хаус
Мото клубот „POTFAT MC“ го отвори својот клаб хаус на Водно

29. Јуни - Волково 2: Трки со скутери, супермото и минимото
На патеката Волково во Скопје се одржа втората трка од Сакамото купот на Македонија во скутери и супермото

ЈУЛИ

05. Јули - Мото тура Битола 2014
Мото клубот Конзули од Битола ја организираше мото турата Битола 2014

19. Јули - Мото журка: Reapers MC
Мото клубот „Reapers MC“ од Богданци ја организираше првата мото забава

20. Јули - Волково 3: Трки со скутери, супермото и минимото
На патеката Волково во Скопје се одржа третата трка од Сакамото купот на Македонија во скутери и супермото

АВГУСТ

09. Август - Moto Party Struga 2014
Мото клубот „Мото Струга“ го организираше традиционалното „Moto party Struga“ по шести пат

23. Август - 5-ти мото фестивал Прилеп
Мото клубот Рисови од Прилеп беше домаќин на 5-от мото фестивал

28.  Август - Мотокрос и Ендурокрос трка во Забел
Мотокрос трка која се бодуваше за шампионатот на Македонија и Ендурокрос трка која не се бодуваше

СЕПТЕМВРИ

06/08. Септември - 23-то Мото рели Македонија
23-то мото рели Македонија - Независност се одржа од 6 до 8 септември

19. Септември - 7 години Мотори.ком.мк
Прославивме 7 години постоење

20. Септември - Мото журка на Fantomi MC
Мото клубот „Fantomi MC“ организираше мото забава во „Бел Рај“, Миравци

21. Септември - Мотокрос трка во Прилеп
На патеката Лагово крај Прилеп се возеше трка од Источно Европскиот Шампионат во Мотокрос

ОКТОМВРИ

12. Октомври - Мотокрос трка во Братиндол
Меморијална трка Тони Гулевски - Бабуш

18. Октомври - 4-та крводарителна акција и 6-ти роденден
Мото клубот „Guardian Angels MC“ во соработка со Црвен Крст на Р. Македонија

ДЕКЕМВРИ

26. Декември - МК Мотори: Дедо Мраз на мотор
Прва акција на мото клубот Мотори од Скопје

26. Декември - МК Мечки: Дедо Мраз на мотор
Седма акција на мото клубот Мечки од Куманово

27. Декември - Предновогодишна забава
Забава на мото клубот „Ноќни Волци“ во својот клуб хаус

2014 беше исполнета со мото настани на домашната сцена и само три трки во мотокрос кои се бодуваа за домашниот шампионат. За среќа на спортистите МК Сакамото организираше трки со скутери и супермото на патеката во Волково па колку толку љубителите на мото спортот имаа прилика во живо да проследат адреналинска забава.

Годинава ја одбележа и загубата на две големи имиња во мото кросот, Васил Николовски претседателот на МК Вардар од Скопје и Тони Гулевски - Бабуш претседател на ЛТД од Битола. Мотокрос сцената ја одбележа одличниот настап на Христијан Илиоски - Кико во ИЕШ во кој го освои второто место во класата МХ1, а Борче Костов од Битола финишираше како третопласиран во класата МХ Ветерани. На меѓународен план голем успех забележа репрезентацијата на Македонија на ИЕШ во мотоциклизам на кружни патеки благодарение на успехот на Игор Спиров и Аргетим Рамадани. 

Во календарот за 2014 имавме помалку настани отколку минатата година, на клубската сцена го проследивме згаснувањето на некои клубови но и создавањето на нови, се родија и неколку братства помеѓу мото клубовите, па се надеваме дека следната година ќе проследиме по квалитетни мото настани.

За нас ова беше успешна година, присуствувавме скоро на сите домашни настани, а бевме присутни и на трки од Источно Европскиот шампионат во мотокрос во: Грција, Турција и Романија. Низ нашиот објектив ги проследивме и трките од брзински мотоциклизам во Поникве и Краљево (Србија), како и трката со брзински мотоциклизам и супермото од ИЕШ во Плевен (Бугарија). Годинава ги посетивме и двата најголеми саеми за мотори, Интермот во Келн и ЕИКМА во Милано.

Она што го посакавме минатата година, останува како желба за следната, да се надеваме дека 2015 ќе биде исполнета со квалитетни мото собири, на кои ќе има повеќе дружење и убави моменти. Да се надеваме и дека ќе следиме мотокрос и ендуро трки со повеќе учесници, шампионат со скутери и супермото кои ќе се бодуваат, и дека конечно ќе видиме некоја трка во шампионатот од брзински мотоциклизам.

Моторџии, Среќна Нова година!

Back To Top