Домашни

Макпетрол го претстави новиот Honda SH300i 2018

Во Макпетрол пристигна новиот Honda SH300i, фантастичен скутер кој ќе ги задоволи сите потреби на секојдневниот возач.

Следете нè на:

 

Моделот SH300i доби значително подобрување во 2015 година и понуди подобро забрзување и подобрена потрошувачка на гориво, променет надворешен изглед како и LED светла. Покрај тоа тој има и стандардни ABS сопирачки како и поголем простор во кој ќе можете да ја ставите кацигата. Променетиот мотор беше првиот кој доаѓа од Honda и кој е во согласност со Euro 4  стандардот. Моделот за 2018 година доби и три дополнителни бои.

20180522 125347

Вовед

Во изминативе 30 години, повеќе од еден милион SH мотоцикли беа продадени ширум Европа. Овие две букви станаа синоним за премиум перформансите и прекрасниот дизајн. На тоа додадете го и на далеку познатиот квалитет и издржливост на Honda.

SH300i со својот компактен дизајн и 16 инчни тркала ги има сите препознатливи карактеристики но и нешто плус, посилен мотор кој е одличен за возење како низ град така и на автопат.

Долго време за него се вели дека е одлична урбана машина, тој еволуираше во 2015 година комбинирајќи го дизајнот со моќноста на моторот, ефикасноста на потрошувачката на гориво како и лесноста и практичноста при возењето.

„Првиот SH300i и донесе возбудливи перформанси на нашата SH линија. Тимот кој работеше на развојот беше воодушевен кога слушна како еден новинар го нарекува: Одличен мотоцикл за возење низ Рим. Најновиот модел е дури и уште подобар а има и подобро забрзување.“ - Мичио Ацучи – лидер на проектот SH300i

20180522 125326

Преглед на моделот

Промените на SH300i 2015 кој беше изграден на веќе докажаната SH формула и кој има целосно нова челична рамка со малку подолга основа, иако го обезбедуваше одличното управување кое го карактеризира SH, понуди и поголем простор под седиштето.

Со репутација на модел кој има одлични перформанси, 279cc, едно цилиндричниот мотор со водено ладење кој го има кај SH300i доби подобрување со цел да обезбеди подобро забрзување. Тој е силен скутер кој е одличен во справување со метежот додека возите низ град, а нуди и големо задоволство кога возите на автопат. Кај новите модели потрошувачката на гориво беше значително подобрена, а моторот беше првиот кој е во согласност со Euro4  правилата. Суптилни промени имаше и во позицијата на седење. ABS сопирачките беа воведени како стандарден дел, а моделот беше полесен за 1 килограм. SH300i има LED светла напред и позади, а Smart Key системот дополнително ја зголеми безбедноста како за возачот така и за мотоциклот.

20180522 125522

Главни карактеристики

- Изглед и Опрема

Најновата промена на SH300i донесе нови линии и детали кои го потенцираа спортскиот изглед. Поради неговиот карактеристичен изглед, луѓето веднаш знаеја дека станува збор за SH.

Со новиот изглед дојде и подобрата практичност. Поголемиот простор за багаж ги подобри предностите кои ги има овој мотоцикл, а со додавањето на Honda Smart Key системот, дополнително беше зголемена безбедноста. Висината на седиштето изнесува 805mm (само 5mm повеќе отколку кај  SH125/150). Позицијата на возење одговара на многумина и овозможува релаксирано возење со беспрекорен поглед на сите страни. Вкупната должина на машината изнесува 2131mm. Ширината е 728mm додека пак висината 1193mm.

20180522 125533

Шасија

Челичната рамка на SH300i инкорпорира голем број на детали кои го зголемуваат капацитетот на мотоциклот, а во исто време ја задржува неговата агилност. Покрај основата која изнесува 1438mm, аголот на моторот е намален за 1 степен. Oleo системот кој е монтиран под моторот асистира при работата на суспензијата.

Rake и Trail се поставени на 27°30’/98mm а рачките имаат 45 радиус на вртење. Предната 35mm вилушка ги абсорбира вибрациите од дупките на патот, а во исто време обезбедува и подобро управување. Задната, алуминиумска вилушка пак дополнително ја подобрува стабилноста на мотоциклот. Напред има гума со димензии од 110/70-16 додека пак позади гума со димензии од 130/70R16. ABS сопирачките работат со помош на 256mm единечни диск сопирачки напред и позади.

20180522 125309

Мотор

Во 2015 година, новиот мотор на Honda стана првиот мотор кој е во согласност со Euro4 регулациите. Пикот на моќноста која изнесува 18.5kW доаѓа при 7,5000 вртежи во минута, а максималниот вртежен момент од 25.5Nm доаѓа при 5,000rpm. Потрошувачката на гориво е подобрена за 8.8 проценти на 33.3 км/ч. Со полн резервоар кој зафаќа 9 литри можете да поминете 300 километри.

20180522 125351

Моделот можете да го видите во Хонда салонот на Макпетрол на бул. Илинденска, каде се продава за цена од 5.590 евра

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!