Мото клубот Мечки од Куманово по 7-ми пат успешно ја организираше акцијата „Дедо Мраз на мотор“.

bears dedo mraz 101

Мото клубот Мечки од Куманово по 7-ми пат успешно ја организираше акцијата „Дедо Мраз на мотор“.

Хуманата страна на моторџиите повторно се покажа на дело. Седма година по ред мото клубот Мечки од Куманово успешно ја реализираше акцијата „Дедо Мраз на мотор“. Заедно со пријателите од мото клубови од Куманово, Свети Николе и Скопје, на плоштадот во Куманово беа вистинска атракција за сите минувачи, како за младите кои се радуваа на подароците, така и за повозрасните кои уживаа во глетката на 50-на Дедо Мразовци со своите мотори.

bears dedo mraz 5

Колоната од плоштадот се упати кон Дневниот центар за лица со посебни потреби каде на штитениците на домот им беа поделени пакетчиња. За возврат моторџиите добија рачно изработени подароци и честитки, иако им беше доволна само нивната насмевка. Акцијата која беше нај масовна до сега не заврши тука, моторџиите потоа ги посетија и децата со попреченост од основното училиште „Браќа Миладиновци“.

За целата галерија од настанот кликнете овде.

Иницијативата и целта на оваа акција е да се разбуди свеста кај граѓаните дека постојат лица со посебни потреби на кои треба да ѝм се обрне внимание. Овој ден на децата ѝм го правиме посреќен, така што ѝм носиме новогодишни пакетчиња, различни подароци и друга помош која му е потребна на Двевниот центар за лица со посебни потреби под осумнаесет години. велат од МК Мечки.

Претходната недела членовите на МК Мечки присуствуваа на акцијата на МК Свети Николе во која на децата од Дневниот центар во Свети Николе им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Back To Top