moto-klub-konzuliНаместо со елените Денеска Дедо Мраз во Дневниот центар за деца од улица пристигна со мотори. За тоа се погрижија членовите  Мото клуб Конзули од  Битола кои ги израдуваа децата.  Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња, а за возврат тие го развеселија со убави песнички.

moto-klub-konzuliНаместо со елените Денеска Дедо Мраз во Дневниот центар за деца од улица пристигна со мотори. За тоа се погрижија членовите  Мото клуб Конзули од  Битола кои ги израдуваа децата.  Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња, а за возврат тие го развеселија со убави песнички.

Студеното и лизгаво време  не ги спречи моторџиите од Мото клуб „Конзули “ од Битола  да ја помогнат  мисијата  на  Дедо Мраз да  стигне  до  Дневниот центар за деца од улица. Наместо со елени тој пристигна на мотор. Им подари на дечињата новогодишни пакетчиња  а децата беа воодушевени не само со подароците туку и со начинот на кој тој успеа да стигне до нив.

„Ние сме моторџиска група и меѓу другите наши активности се и ваквите дејанија да  дадеме радост и денес сме многу среќни што сме меѓу овие деца“ изјави Ѓоко Ѓорѓиевски член на Мото клубот Конзули од Битола

Целата акција е во соработка со Ценатрот за социјални работи од Битола.

„Денес Центарот за социјална работа  и двата центри за деца од улица и деца со посебни потреби имаме нови пријатели , тоа мто клубот Конзули, со кои почнавме една соработакоја ќе биде изненадување за цел град и се надеваме дека понатаму ќе има уште многу  други дружења “ изјави денеска Виолета Гаџовска директор на Центарот за социјална работа во Битола.С

Од овој дневен ценатар конзулите го посетија и Домот  за донечиња каде им подарија пакетчиња на поголемите дечиња што престојуваат во овој дом.

Со денешната акција моторџитте само докажаа дека не се оние лоши момци, туку се подготвени  да помагаат секаде на кои тоа им е потребно, да прават убави корисни дела, а истовремено да се дружат и да го промовираат мотоциклизмот. Денешната акција немаше да биде целосна доколку не се вклучеше и фирмата „Виго 48“ која ги обезбди пакетчињата. Членовите на Мото клуб Конзули планираат и други изненадувања за време на празниците.

Извор: Орбис

Back To Top