Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија

Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија

Криминалните банди "Пеколни ангели" и "Бандидос" го зголемуваат своето влијание во Европа поврзувајќи се со локалните моторџиски групи, посебно во Источна Европа, пишува вчера норвешкиот дневен весник Афтенпостен". Како главна транзитна земја се посочува Турција, а за функционирањето на балканскиот правец на значење добиваат и сојузништвата на Пеколните ангели" со клубови во Албанија, Бугарија и Македонија.

Паневропската полициска агенција Европол укажува дека нивото на активноста на криминалните моторџиски банди рапидно се зголемува, при што многумина од членовите на таквите банди се мултикримналнци. Вршат уценувања, убиства, тортури, шверц на оружје и наркотици и грабежи.
Еден од методите за добивање поголема контрола врз трговија со наркотици е преку склучување прекугранични сојузи со поголеми и помали моторџиски клубови во разни земји. На таков начин моторџиските банди добиваат подобра инфраструктура, повеќе ресурси и искуство, посебно за водење шверц со дрога преку Југоисточна Европа со користење на балканскиот правец.
Ваквиот развој на настаните, според Европол, е проследен со значајни ризици од борби за тертироии, при што се предупредува дека полициите во Југоисточна Европа сега се среќаваат со противник на кој не се навикнати во својата работа, пишува Афтенпостен".

Извор: Вечер

Back To Top