Домашни

Се подновивме!

Почитувани моторџии, моторџики и вљубеници во светот на две тркала, пред вас е новиот веб сајт motori.com.mk, подобрен во секој поглед во однос на претходниот.

Следете нè на:

 

Потребно ни беше освежување, затоа и се посветивме доволно долго да го добиеме она што го имавме замислено. Направивме надоградба на платформата на која работи веб сајтот и поставивме нов изглед кој ги содржи сите модерни елементи, а истовремено е максимално оптимизиран за преглед од било каков мобилен уред.

Ги исфрливме елементите кои се покажаа како непотребни, го поедноставивме користењето на сајтот и ги поделивме сегментите. Ударниот дел е посветен на содржините, но во горното мени ќе ги најдете календарот на настани, галериите со слики од 2008 година па до денес, мото огласте и секако, форумот.

motori no2Motori.com.mk - нова платформа со нов дизајн

За разлика од претходно сега е овозможен лесен пристап до сите содржини. Календарот на настани постојано ќе биде дополнуван, а отстапен му е голем простор и на почетната страна бидејќи мото настаните се важен дел. Во секцијата за настани поставивме и контакт форма за вие полесно да можете да ни ги испратите деталите за настаните кои ги организирате. Галеријата е организирана по години и под-категории, а во мото огласите од сега можете да објавите што продавате или купувате без досадната регистрација или најава на сајтот. На форумот му е променета темата во светла, да се вклопи во новиот изглед на целиот сајт.

Му благодариме на тимот кој посветено работеше изминативе месеци за да го добиеме овој производ. Сепак, најважно ни е вашето мислење па ќе ни биде драго да го добиеме вашиот фидбек, доколку имате било каков коментар пишете ни подолу или на нашате е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Знаеме дека бевте навикнати на нешто малку поинакво, но сите промени се добредојдени особено ако се во вистинска насока. Веруваме дека ќе продолжиме да бидеме дел од вашето секојдневие.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.