Мото клубот Црни Орли од Пробиштип на 23-ти октомври го организира својот прв мото собир.

По одличниот настап на Дејан Шпољар во Прилеп, уште еден стантер ќе дојде на гости во Македонија. Овојпат се работи за Радислав Михајлов од Србија кој ќе биде главна атракција на мото собирот во Пробиштип. Со Радислав направивме интервју во 2012 година кога сеуште возеше скутер, но во изминатите години тој напредуваше многу и во моментот важи за водечки стантер во Србија.

maxresdefault

Настанот ќе се одржи на паркингот на градскиот пазар во Пробиштип.

Програма на Манифестацијата: 

1. Пристигнување на учесниците на манифестацијата во 12:00 часот. 

2. Обраќање на Претседателот на Мото Клуб Црни Орли Пробиштип 

3. Спортски натпреварувања - игри  

4. Доделување на наградите на победниците на манифестацијата 

5. Изведување на мото акробации од страна на учесниците на манифестацијата 

6. Дефиле на учесниците низ градските улици во Пробиштип 

7. Настап на познатиот стантер Радислав Михајлов од Република Србија 

8. Забавен дел за сите учесници на манифестацијата како и граѓани на општина Пробиштип, на кој ќе учествуваат  неколку Рок групи, а забавата е планирано да трае до доцните ноќни часови.

Повеќе информации на телефон: 072-932-077 

Back To Top