Мото клубот Ноќни Волци викендов го организираше јубилејниот 10-ти мото фестивал. Во рамките на мото собирот беше организирано протесно возење низ улиците на Скопје со цел да се подигне свеста за мотоциклистите кај останатите учесници во сообраќајот.

Мото клубот Ноќни Волци викендов го организираше јубилејниот 10-ти мото фестивал. Во рамките на мото собирот беше организирано протесно возење низ улиците на Скопје со цел да се подигне свеста за мотоциклистите кај останатите учесници во сообраќајот.

Пред да биде прочитана пораката од претседателот на мото клубот Ноќни Волци - Ленин Јовановски, на загинатите мотоциклисти им беше оддадена почит со едно минутно молчење. 

Nokni Volci 2016 243

Ние како медиум би сакале да изразиме јавна благодарност до сите кои помогнаа за успешно да се реализира оваа активност. Мото клубот Ноќни Волци кој ги вложи сите можни ресурси, сите вие кои учествувавте во дефилето и кои се погриживте да изгледа онака како што треба и доликува и благодарност до момците од Полициското одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување кои се погрижија за нашата безбедност.

За галеријата од настанот кликнете овде.

Во продолжение следува и пораката која беше прочитана:

Од ова место преку ова дефиле, сите ние тука присутни, испраќаме порака до сите учесници во сообраќајот, до сите институции и организации кои со своето делување на било кој начин се во сообраќајната проблематика да обрнат многу поголемо внимание на нашето присутво на сообраќајниците како моторџии.

Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани моторџии во сообраќајните незгоди, со што за жал моторџиите веќе се сврстуваат во едни од најранливите категории на учесници во сообраќајот.

Од тука порачуваме до сите оние на кои јавно им признаваме дека со своите возила се посилни од нас:
- Почитувајте ги нашите права на предност во сообраќајот. 
- Не ги кршете сообраќајните правила за да бидете наши потенцијални убијци.
- Не гледајте во смартфоните додека возите, гледајте во нас.
- Не возете и во алкохолизирана состојба, сообраќајот не подразбира храброст туку умеење и почитување.
- Гледајте концентрирано и барем по два пати во своите ретровизори, ние сме габаритно помали но сепак постоиме.
- Нашите мотори не сопираат ниту се заштитени како вашите возила.
- Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите.
- Потрудете се да бидете повнимателни од порано.
- Почитувајте и направете било што во интерес на поголема безбедноста во сообраќајот.

Ние сме денес тука со оваа јавна порака подрржани од сите тука присутни и неприсутни моторџии. Сакаме да изразиме и јавна благодарност до сите вас тука присутни, до МВР и Град Скопје, како и јавна благодарност за поддршката од нашиот партнер во оваа наша активност скопска пивара со која и сега и во иднина имаме намера да покренеме позитивни промени во сообраќајната култура, но и да ја подигнеме свеста за одговорното конзумирање на алкохолот за што поголема безбедност во сообраќајот.

ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО
ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРАВИЛАТА и она што е особено важно за моторџиите:
ВНИМАВАЈТЕ НА ТУЃИТЕ ГРЕШКИ

Nokni Volci 2016 133

Back To Top