Традиционалната зимска забава во организација на мото клубот „Lone Knights MC“ и годинава го одбележа стартот на мото сезоната во Македонија.

lkmc-winter-party-2013--88

Традиционалната зимска забава во организација на мото клубот „Lone Knights MC“ и годинава го одбележа стартот на мото сезоната во Македонија.

Домаќините како и секогаш, срдечни и гостопримливи, како за домашните гости, така и за членовите на странските мото клубови кои дојдоа да им оддадат почит. Но клубот имаше и уште еден повод за прослава, двајца нивни членови ги добија своите грбови, и ќе можат да ги симнат прешивките „prospect“.

„Салун“ повторно се покажа како премало место за да ги собере сите гости, свесни сме дека клубот направи обид да најде поголема локација, но следната година ќе мора да го направи тоа. Гревота е луѓето да си одат порано од одличната забава само заради недостатокот од место. Се надеваме дека добронамерната забелешка нема да биде погрешно сватена од момците од „LKMC“.

За галеријата од настанот кликнете овде.

Забавата траеше до раните утрински часови, а атмосферата не стивна во ниеден момент. Иако стриптизот беше најавен, од оправдани причини изостана, но на никој и не му недостасуваше. Клубовите се дружеа, разговараа за првите возења во сезоната и за нивните миленици. Како што е редот, „Lone Knights MC“ им додели и благодарници на сите присутни членови на мото клубовите и им се заблагодари за присуството. 

За крај, „LKMC“ се покажаа во вистинско светло, а доколку денот се познава по утрото, не чека богата мото сезона, исполнета со убави настани. 

Back To Top