Драги пријатели,

Денес сме посебно радосни. Ја започнуваме новата 2013 со целосно нов Мотори.ком.мк.

Како и во изминатите 5 години, постојано сме во чекор со технологијата, па затоа и работевме напорно во изминатиот период да го добиеме она што го сакавме. Нов сајт кој ќе биде приспособлив без разлика дали го прегледувате од компјутер, лаптоп со помала резолуција, таблет или мобилен.

Сакавме да ја задржиме едноставноста и прегледноста, но сепак да се модернизираме. Ги истакнавме оние категории на вести кои најмногу сакате да ги читате, а им дадовме предност на оние работи за кои постоиме - македонскиот мотоциклизам. Ќе ги забележите новите категории на вести, а секако тука е и копчето Задолжително во кои ќе ги најдете сите содржини по кои се издвојуваме. Форумот и Заедницата сега се со изедначени стилови и оптимизирани за поголема брзина при прелистувањето.

screenshot

Му благодариме на тимот кој посветено работеше изминативе месеци за да го добиеме овој производ.
Сепак, најважно ни е вашето мислење па ќе ни биде драго да го добиеме вашиот фидбек.

Знаеме дека бевте навикнати на нешто малку поинакво, но сите промени се добредојдени особено ако се во вистинска насока. Веруваме дека ќе продолжиме да бидеме дел од вашето секојдневие.

Ви посакуваме пријатен ден!

Back To Top