Почитувани моторџии и моторџики, тимот на motori.com.mk Ви посакува среќна Нова 2017 година!

Од сè срце Ви посакуваме љубов, среќа, исполнетост, стабилна финансиска состојба и секако многу изминати километри со моторот. Нека новата година ви донесе мир во домот и да бидете опкружени со добри луѓе. Сите стари проблеми нека исчезнат со заминувањето на оваа година, а Новата нека биде исполнета со прекрасни моменти.

Ви посакуваме успешен старт на новата сезона, авантуристички возења, послушен железен коњ, и нека вашиот ангел чувар биде секогаш со вас. Ви посакуваме и нови моторџиски предизвици, перфектен асвалт, повеќе изминати километри, помалку паѓања, поевтин бензин, повеќе дружење и квалитетни мото настани.

Моторџии, имајте среќна и бериќетна Нова 2017 година!

Back To Top