-
- Pure
- Тазе форумџија
-
- Теми:166
- Град: Прилеп
- Клуб: слободни возачи
- Мотор: Kawasaki 500 kle
- Карма: 10
Почитувани моторџии од Битола!
Најавено беше дека на 26 септември ќе се одржи ендуро трка во Битола. Дајте анимирајте не малку и информирајте до каде се работите околу организацијата, дали и кога ќе се одржи или го очекува (за жал) иста судбина како и оној планираниот ама не одржанио во Маврово. По можност дајте на форумов и правилник за учество па кој што мисли дека може ( и има газ) нека се пријави за учество!За тоа секако не е доцна но крајно е време да излезете во јавност! Поздрав!!!!

- Katz
- Редовен член
-
- Теми:380
- Град:
- Клуб:
- Мотор:
- Карма: 8
Трката ќе оди во предвидениот термин на 26 септември.
МК Мотостарс работи одамна на подготовките и верувам дека како и за мотокросот во Братиндол организацијата ќе биде одлична.
Ќе се возат 2 круга по околу 22 километри, во секој круг по еден брзинец (Смолево), стартот и целта е кај стадионот Тумбе кафе.
Очекувам и интересот да биде уште поголем од првата трка, секако пријавувањето ќе оди преку мото клубовите, членки на МФМ.
МК Мотостарс работи одамна на подготовките и верувам дека како и за мотокросот во Братиндол организацијата ќе биде одлична.
Ќе се возат 2 круга по околу 22 километри, во секој круг по еден брзинец (Смолево), стартот и целта е кај стадионот Тумбе кафе.
Очекувам и интересот да биде уште поголем од првата трка, секако пријавувањето ќе оди преку мото клубовите, членки на МФМ.
-
- Katz
- Редовен член
-
- Теми:380
- Град:
- Клуб:
- Мотор:
- Карма: 8
Натпреварот се организира на патеката лоцирана крај Битола.
Стартот е кај градскиот стадион „Тумбе кафе“.
Должина на круг: 22.000 метри
Број на кругови: 2
Вкупна должина: 44.000 метри
Број на брзински испити: 2
Должина на брзински испит: 2.050 метри
Број на временски контроли: 2
Стартот е кај градскиот стадион „Тумбе кафе“.
Должина на круг: 22.000 метри
Број на кругови: 2
Вкупна должина: 44.000 метри
Број на брзински испити: 2
Должина на брзински испит: 2.050 метри
Број на временски контроли: 2
-
- Katz
- Редовен член
-
- Теми:380
- Град:
- Клуб:
- Мотор:
- Карма: 8
ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАРОТ
09:00 – 11:00 Верификација и Технички преглед
11:15 Прва седница на жири комисија
11:30 Брифинг со натпреварувачите
11:45 Свечено отворање
12:00 Старт на натпреварот
15:00 Втора седница на жири комисија
15:30 Прогласување
09:00 – 11:00 Верификација и Технички преглед
11:15 Прва седница на жири комисија
11:30 Брифинг со натпреварувачите
11:45 Свечено отворање
12:00 Старт на натпреварот
15:00 Втора седница на жири комисија
15:30 Прогласување
-
- Pure
- Тазе форумџија
-
- Теми:166
- Град: Прилеп
- Клуб: слободни возачи
- Мотор: Kawasaki 500 kle
- Карма: 10
Би било многу убаво кога на форумов би ги објавиле и пропозициите за натпреварот (Правилник), по можност и копија од топографска карта со вцртана рута на движење ( кругот) како и пријави за сите оние што се заинтересирани за да земат учество на натпреварот!Убеден сум дека организацијата ќе биде на највисоко ниво и Ви посакувам многу натпреварувачи и убаво време!!!!
-
- Baze
- Моторџија
-
- Теми:1133
- Град: Скопје
- Клуб: MKD-StreetFighterz
- Мотор: Kawasaki Ninja ZX-6R
- Карма: 52
If everything seems under control, you're not going fast enough.
-
- Pure
- Тазе форумџија
-
- Теми:166
- Град: Прилеп
- Клуб: слободни возачи
- Мотор: Kawasaki 500 kle
- Карма: 10
Една добронамерна забелешка = Во правилникот за учество на трката настанат е највероватно превид . Класата Е2 ви е дадена како двотактни до 250 ццм и четворотактни до 450 ццм, а во класата Е-3 дадено е двотактни над 250 ццм и четворотактни над 500 ццм . Се јавува дупка во класите за мотоцикли што се со кубикажа од 450 до 500 ццм - во која категорија се тие?
Најлогично е да биде класата Е-2 = двотактни до 250 ццм и четворотактни до 500 ццм, бидејќи така се класираат и во мотокросот ( Пр. двотактен од 250 ццм = четворотактен до 500 ццм).
Превидот не некој голем но може да направи забуна кај натпреварувачи со мотори со кубикажа од 450 до 500 ццм.
Уште една работа што не е дообјаснета е влез во временска контрола за кој се најавува дека се обележува со жолто знаме на 20 метри пред временската контрола ( Испит на точност). Според правилник за ендуро натпревар натпреварувачот не смее да застане пред временската контрола и да шека да му дојде времето за пријавување и затоа пред временската контрола се обележува круг во кој натпреварувачот врти се до оној момент додека не дојде негово време за влегување на временската контрола.
Се надевам дека пријателски ќе ги прифатите дадените сугестии , а се во интерес за исчекор напред во развојот на оваа гранка од мото спортот кај нас. Благодарам!!