Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
  • Вие сте овде
Leon
Модератор
Теми:1384
Град: Скопје
Клуб: Мото Скопје
Мотор: Kawasaki GPZ-1000Rx
Карма: 60

Полагање возачки испит.

#55020 01 Сеп 2010 14:31
Превземено од Шпиц на ден 1,9,2010

Линк до статијата

Автор: Петре Ристовски

Паѓаат на градска и по 10 пати
Испитната комисија, која ја раководи кадар на владејачката македонска партија и која е составена од 14 члена, врши невиден терор врз кандидатите и со монополот сака да ги соголи граѓаните, притоа без вистинска причина буткајќи ги и по десетина пати, тврдат инструкторите.

„Кандидатите за возачи имаат избор при полагањето на возачките испити, или да паднат или да не положат“. Со ваков сарказам вчера, сопственикот на една од првите автошколи, ексклузивно за „Шпиц“ го почна разговорот за работата на Комисијата од единствениот скопски испитен центар.
- Испитната комисија, која ја раководи кадар

на владејачката македонска партија и која е составена од 14 члена, врши невиден терор врз кандидатите и со монополот сака да ги соголи граѓаните, притоа без вистинска причина буткајќи ги и по десетина пати. Членовите на комисијата често се безобразни со кандидатите и инструкторите, па се почести се вербалните и физичките инциденти. Поради тоа е истепан и еден од „најстрогите“ контролори Ацо Панов, а се уште свежи се сеќавањата и на инцидентот во кој гневен кандидат-возач со калашников влезе во испитниот центар - вели сопственикот на автошкола, кој инсистираше на анонимност поради тоа што се плаши од одмазда на членовите на комисијата кон неговите кандидати. Тој истакна дека најупорните кандидат-возачи градското возење го полагаат и по 10, 15, а има и кандидат кој полагал 18 пати. Според него, најчестите образложенија за буткање на кандидатите пред се во градското возење се некористење на трепкачите (иако за тоа треба да има казнени поени, а не директна елиминација), газење на полна линија (на коловози каде што таа одамна е избришана), ненадејно сопирање (иако доколку нема опасност по пешакот и не изгасне автомобилот, тоа според правилникот не е прекршок), како и безброј други „спорни“ ситуации што само комисијата ги измислила. Секое наредно преполагање кандидатот го чини

2.500 денари, а според инструкторите, криминал во Скопје се прави и со тоа што пред да се полагаат тестовите се уплаќаат околу 100 евра за сите три фази од возењето (тестови, полигон и градско возење), па доколку се падне на тестовите, парите пропаѓаат и кандидатите ќе треба одново да платат.
- Комисијата и по 40 минути ги вози кандидатите само за да им најдат грешка и просечно од 15 кандидати дневно, положуваат едвај тројца. Новопечените возачи одат без волја на полагање оти знаат дека колку и да се подготвени, неколкупати мора да преполагаат за Комисијата да им ги земе парите - вели сопственикот кој тврди дека секој член од „испитувачите“ има по 10 отсто од кандидат кој не положил. Тој потенцира дека за разлика од Скопје, во внатрешноста условите за полагање се поевтини и условите се подостапни за граѓаните, а обидот на „Автомакедонија“ и „Арди“ да ја зголемат конкуренцијата во овој бизнис, најверојатно ќе биде спречен од моќници блиски на сопственикот на монополот наречен Испитна комисија.
Vita è bella, La
Rob
Редовен член
Теми:202
Град: Prilep
Клуб:
Мотор:
Карма: -40

Ре: Полагање возачки испит.

#55024 01 Сеп 2010 16:02
И мене ме чека вакво ебење на здрав мозок. Али тоа е, нема друго чаре...
Smichka
Моторџија
Теми:831
Град: Skopje
Клуб: /
Мотор: Keeway Hurricane
Карма: -348

Ре: Полагање возачки испит.

#55034 01 Сеп 2010 21:44
Купи 1000ка и бегај им друго чаре нема
Rob
Редовен член
Теми:202
Град: Prilep
Клуб:
Мотор:
Карма: -40

Ре: Полагање возачки испит.

#55035 01 Сеп 2010 21:59
А иначе која е границата за моќност на моторот кај новопечените бајкери? Претпоставувам дека не е можно веднаш после земање на возачка да се тера моториште од 750+ кубика.
Cagiva
Моторџија
Теми:1411
Град: Скопје
Клуб:
Мотор: Piaggio NRG POWER 70cc
Карма: 26

Ре: Полагање возачки испит.

#55038 02 Сеп 2010 00:41
Добро напишано се согласувам со текстов потполно јас моментално полагам за кола за Б категорија извозев часови тестови положив без ни еден негативен исто така и полигонот али градската вожља од 15 кандидати 12 паднаа на 25.08.2010 само 3 кандидати поминаа тоа е катастрофа си играат играчки чекавме цел ден од 8 саат сабајле па дури во 1 ипол часот попладне почнав да возам градска вожња останавме уште 3 кандидати на комисијата и текнало и се пиело кафе ајде на кафе кандидатите си чекаат сега чекам да поминат 8 дена да се опрчам 2500ден па со господ напред ке видиме тие што се први на листата 3ца секогаш поминуваат од сабајле али сите останати пагаат
Leon
Модератор
Теми:1384
Град: Скопје
Клуб: Мото Скопје
Мотор: Kawasaki GPZ-1000Rx
Карма: 60

Ре: Полагање возачки испит.

#55041 02 Сеп 2010 08:47
Rob напиша:
А иначе која е границата за моќност на моторот кај новопечените бајкери? Претпоставувам дека не е можно веднаш после земање на возачка да се тера моториште од 750+ кубика.


За Б категорија првите 2 години несмееш да управуваш возило појако од 75Kw

За А ктегорија првите 2 години несмееш да управуваш возило појако од 25Kw
Vita è bella, La
Smichka
Моторџија
Теми:831
Град: Skopje
Клуб: /
Мотор: Keeway Hurricane
Карма: -348

Ре: Полагање возачки испит.

#55050 02 Сеп 2010 14:27
И во првите 2 години несмееш да возиш од 23:00 до 05:00 !

И на автопат при ограничување од 120км/h ти треба да возиш 100км/h на кого му текнале закониве алал да му е.
Rob
Редовен член
Теми:202
Град: Prilep
Клуб:
Мотор:
Карма: -40

Ре: Полагање возачки испит.

#55051 02 Сеп 2010 15:13
Се надевав тоа после 11 да не важи и за А, ама ништо... Крајно смотана работа.

Данок за неженети/немажени, да не можеш да си купиш пиво како човек после 9(или 7)... Страшна мизерија.

Тераме накај вмаровски фундаментализам. Али битно "украсија" цела држава со педеришта од времето на дедо Ное.
sase_mak
Тазе форумџија
Теми:44
Град:
Клуб:
Мотор:
Карма: -2

Ре: Полагање возачки испит.

#55063 03 Сеп 2010 00:29
секако неможеш да возиш од 23 до 05 колку и да имаш искуство бидејќи забрането е да се вози мотор во тој период:(
Последна промена: 03 Сеп 2010 00:31 Од sase_mak.
Smichka
Моторџија
Теми:831
Град: Skopje
Клуб: /
Мотор: Keeway Hurricane
Карма: -348

Ре: Полагање возачки испит.

#55069 03 Сеп 2010 10:53
Матер им е*ам,па нели го укинаа тој закон? Требаше да важи само за велосипед со помошен мотор(50цц).
  • Модератори: Leon
Страницата беше креирана за: 0.96 секунди