Разговараме со Христијан Бузалковски - Бузо, третопласиран возач во генералниот пласман на Источно-Европскиот шампионат во класата SP125 за 2015 година.

Зад тебе е почетничката сезона во Источно Европскиот шампионат, како ти ја виде сезоната?

По освојувањето на Сакамото купот кој се оддржа минатата година, решивме да направиме еден поголем чекор и да одиме да ги измериме силите надвор од рамките на нашата држава, и притоа остваривме резултат подобар од очекуваниот.

Дали си задоволен од резултатот кој го постигна?

Оваа сезона генерално беше и подобра од што очекувавме, нашиот план беше да бидеме на половина од вкупниот број на натпреварувачи, но видовме дека можеме повеќе и атакувавме на поголемите односно повисоките позиции, притоа успеавме да оствариме четри последователни подиуми и трето место во генералниот пласман, со кој сум и премногу задоволен.

buzo 1

Сега кога имаш време да размислиш, има ли нешто што можеше да го направиш подобро?

Секогаш може подобро, генерално би сменил нови и појаки делови на моторот, и ќе се борев за повисоките позиции, односно врвот во шампионатот.

Какви се плановите за следната сезона?

Планот за следната сезона е да го спремиме моторот да биде доволно брз колку на останатите конкуренти, за да напаѓаме на повисоките позиции на пиедесталот, но и доколку има добри спонзори би сакал и да пробам во повисоката класа F600.

Што потоа, кога ќе те видиме во поголема класа?

Прво сакам да остварам успех во класата SP125 да си отидам како победник, па потоа да преминам во класата F600, но се со ред, но ако има доволно спонзори и финансии, би сакал да влезам со Wild card на една трка.

buzo 2

Задоволен ли си од условите кои ги имаш?

Неможам да кажам дека не сум задоволен,затоа што ако не беа спонзорите кои ми помагаа целата сезона,јас немаше да го остварам овој резултат кој што го остварив оваа сезона,и оваа прилика ке ја искористам јавно да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа целата оваа сезона ,дали со финансии дали со бодрење, на мојот матичен мото клуб МК Мотори, на моите спонзори, сепак да не беа они,јас немаше да го остварам овој успех

Каков е планот за подготовки?

Планот е да направиме еден тест во Серес со старите делови на моторот, и потоа уште неколку тренинзи со нови делови, за да ја увидам разликата и притоа поубаво да ја научам и стазата и моторот, затоа што минатата година го имавме едниот од најлошите викенди во сезоната на патеката во Серес, па затоа не би сакале истиот тој да се повтори и следната сезона

Сега кога е познат календарот за трки, имаш ли посебна стратегија?

Стратегија секогаш имаме, но за разлика од минатата година каде што перформансите на моторот ни беа најслаба страна и не можевме толку да правиме стратегии, бидејки силата на моторот беше таа, и јас морав само максимумот да го давам, не се фокусиравме толку на стратегијата, туку на 3-тата позиција во генералниот пласман, така да оваа година, со нови делови мора да имаме силна стратегија, но таа ќе биде откриена само на денот на трката хахаха

buzo 3

Кој е твојот „тренер“ од кого најмногу слушаш совети?

Мои тренери се брат ми и татко ми, кои во текот на целата сезона го пратеа моето возење, и ги гледаа моите грешки односно каде сум слаб, на кој дел од патеката, и притоа ми укажуваат како да се подобрам, како да го сменам и да го подобрам стилот на возење за да бидам подобар и по брз. Совети слушам од сите, но само јас и мојот тим одлучуваме кои точно да ги употребиме.

Каков е планот за моторот, остануваш со истиот или ќе се подновиш?

Како што знаете, сега зади мене стои менаџерска агенција “Krki football management”, сега за сега сме со истиот мотор, но во иднина ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Што има од опрема или што ти недостасува за него?

Хмм, моментално мојот мотор е доста по не-конкурентен во однос на другите, па затоа за следната сезона, треба да набавиме нови делови бидејќи овие се веќе истрошени, така да мислам дека треба да се набават 90% нови делови што се однесува до агрегатот.

Што би додал за крај?

Пократка сајла за гас (хахахаххаа) и бидете брзи на стаза, а внимателни во градскиот метеж  #Gaaaaas71

buzo 4

Back To Top