Со овој текст можеби ви изгледа како да се враќаме на основните работи, но постојано се изненадувам од бројот на луѓе кои не знаат, или не разбираат, што пишува на шишето со масло и поради тоа не знаат што купуваат.

Со овој текст можеби ви изгледа како да се враќаме на основните работи, но постојано се изненадувам од бројот на луѓе кои не знаат, или не разбираат, што пишува на шишето со масло и поради тоа не знаат што купуваат.

Да бидат искрен, ако на шишето не ги пишува следниве основни информации, тогаш не купувајте го! Побарајте некое на кое ги пишува овие информации.

  1. Неговата намена (моторно масло, масло за менувачот)
  2. Вискозноста (10w40, 5w30 и др. за моторно масло и 80w90, 75w90 и др. кај масло за менувачот)
  3. Спецификациите (Треба да ги содржи API и ACEA/JASO)

Игнорирајте ја рекламата на етикетата. Во голем број случаи таа е бескорисна, а подоцна ќе ви објаснам на кои работи ќе треба да гледате со малку скептицизам.

Па, што значат информациите наведени погоре и зошто се важни?

notice 7100

Основата

Сите масла имаат посебна намена и не треба да се мешаат. Сигурно нема да ставите масло за автоматска трансмисија или масло за менувачот во вашиот мотор. Важно е да се знае која е целта на маслото.

Вискозноста

Повеќето масла денеска се повеќеградни (Multigrades), што значи дека маслото спаѓа во втората категорија по вискозност (10w-40)

Ваквите моторни масла за прв пат беа развиени пред 50 години за да се избегне рутината да се користи поретко масло во текот на зимата, а погустo во текот на летото.

Кај 10w-40 на пример, 10w (W = winter (зима), не тежина (weight) или вати (watt) или било што друго што сте го слушнале) значи дека маслото мора да има одредена максимална вискозност на пониска температура. Колку е помал W бројот, толку се подобри перформансите на ладно време.

motorno maslo promena

Бројот 40 кај 10w-40 едноставно значи дека маслото мора да спаѓа во одредени граници на вискозност на температура од 100 целзиусови степени. Ова е  фиксирана граница и сите масла кои завршуваат со бројот 40 мора да го постигнат овој лимит. И повторно, колку е помал бројот, толку е поретко маслото. Масло кое има број 30 е поретко од масло кое има број 40 на 100 целзиусови степени.

Доколку барате совет во овој натпис за тоа каква градација на масло да користите за вашиот мотоцикл, вие сте на погрешното место. Прирачникот за вашиот мотоцикл ќе ви каже каква градација е препорачана и треба да ги следите тие инструкции.

Дали маслата со 5w и 0w се премногу ретки?

На многу форуми читам дека маслата со 5w и 0w се премногу ретки. 0w-40, 5w-40, 10w-40 и 15w-40 се исти (14 centistokes) на температура од 100 степени.  „Centistokes“ е мерка за отпорност кај течност. Таа се пресметува во однос на времето кое е потребно одредена количина на течност која е на одредена температура да помине низ одреден отвор. Колку е поголем бројот, толку е поголема вискозноста.

Вискозноста варира во зависност од температурата. Вредноста е бескорисна освен ако не е придружувана од температурата на која треба да се мери. Кај маслата, вискозноста генерално се означува со „centistokes (cst)“ и обично се мери на 40 и 100 степени целзиусови. Сите масла кои завршуваат на 40, обично имаат 14cst на 100 степени. Ова важи за сите масла кои завршуваат на овој број. Маслата кои завршуваат на 50 имаат 18.5cst на 100 степени, а маслата кои завршуваат на 60 имаат 24cst на 100 степени целзиусови.

Ме следите? Одлично!

Сите масла се погусти кога е ладно. Збунети сте? Тоа е точно и еве табела со која ќе ви стане појасно.

SAE 40 (само 40)

Температура (°C)  Вискозност (густина)
0 2579cst
20 473cst
40 135cst
60 52.2cst
100 14cst
120 8.8cst


Како што можете да видите, има голема вискозност на 0 степени.  Всушност, таа е многу поголема отколку на 100 степени и ова е проблем особено на ладно време. Дали ова масло може да го заштити моторот при палење? Не!

Значи, со оглед на тоа дека SAE 40 има 14cst на 100 степени, што претставува адекватна вискозност за вашиот мотор да биде заштитен, како е можно 0w маслото да биде толку ретко? Искрено, не може.

Благодарение на синтетиката, ретките масла може да се користат за да се намали почетната вискозност на околу 800cst и тоа очигледно дава многу подобар тек отколку моноградниот SAE 40.

Доколку не можете да го најдете упатството за користење односно прирачникот, на веб сајтот на Мотул можете според марката/моделот да пронајдете кое моторно масло е препорачано за вашиот мотоцикл.

Како се случува тоа?

Како што објаснивме претходно, се зависи од температурата. Реткото масло е сепак погусто на ладно отколку на 100 степени, но интересниот дел (повторно благодарение на синтетиката) е дека хемичарите можат да ги направат овие масла да не стануваат поретки од 14cst на 100 степени.

Густите масла може да предизвикаат повеќе триење а со тоа и поголема топлина, залудно потрошена енергија, а исто така влијаат и на потрошувачката на гориво. Затоа е најдобро да го користите најреткото масло што можете (кое е препорачано од производителот на мотоциклот) и да го задржите притисокот на маслото.

Back To Top