Препорачливо е и оние кои ќе продолжат да возат за време на зимата да искористат дел од советите во продолжение за да го зачуваат моторот во топ состојба. И покрај тоа што многумина веќе го гаражираа својот мотор, никогаш не е доцна да се подготви зимскиот сон за вашиот љубимец на вистинскиот начин.

Препорачливо е и оние кои ќе продолжат да возат за време на зимата да искористат дел од советите во продолжение за да го зачуваат моторот во топ состојба. И покрај тоа што многумина веќе го гаражираа својот мотор, никогаш не е доцна да се подготви зимскиот сон за вашиот љубимец на вистинскиот начин.

Во продолжение ќе најдете шест совети кои ќе го осигураат преживувањето на вашиот моторцикл до пролетта.

Доколку се одлучите да го паркирате моторот преку зимата, направете го тоа правилно.

Стабилизација на бензинот1. Стабилизација на бензинот
Бензините во нашата земја се во прилично очајна состојба, а дури и кога би користеле нормален безоловен бензин, неговата трајност е 3-4 недели пред да започне да се дезинтегрира. Во моторџиските кругови владее мислење дека е доволно да се испразни резервоарот за да се спречи неговото кородирање, но вистинате е дека никогаш не можете целосно да го испразните бензинот од резервоарот, посебно не од ситните цевчиња пред филтерот или пак од карбураторот, па препорачливо е да користите стабилизатор за бензинот.

Стабилизатор за бензин може да се најде во сите подобро опремени продавници за авто-мото галантерија, а се додава соодветната количина на полн резервоар со бензин, по што се остава моторот да поработи во место 15-на минути, за да може стабилизаторот да помине низ целиот агрегат. Стабилизаторот ќе го спречи уништувањето на бензинот, неговото испарување, а со тоа и кородирањето на резервоарот и запушување на филтерот за бензин или доводните црева.

Пред почетокот на зимата, променете го маслото2. Промена на маслото
Откако го стабилизиравте бензинот потребно е да го промените и маслото, бидејќи нечистотиите во него можат да оксидираат во период на подолга неактивност. Со промената на маслото за подмачкување, ќе ја исчистите целата нечистотија од моторот која во спротивно би почнала да закоравува. Дополнително, со промената на маслото пред гаражирањето, вашиот мотор ќе биде спремен за првото пролетно возење.

И не штедете на маслото, не купувајте евтино масло за преку зимата, ставете го маслото кое обично го користите, препорачливо е користење на синтетичко масло кое ќе трае значително подолго следната сезона. По промената на маслото, повторно е потребно работење на моторот во место за маслото да дојде до сите делови на моторот.

3. Подготовка на акумулаторотПодготовка на акумулаторо
Кај акумулаторите со киселина потребно е постојано полнење за да се продолжи векот на траење. Доколку сте во можност, на самиот акумулатор закачете полнач кој ќе ја одржува волтажата постојано (некој кој нема да го преполнува акумулаторот). Внимавајте доколку користите полнач за акумулатори од автомобил, бидејќи можете за кратко време да го уништите вашиот. Доколку го чувате моторот на место во кое температурата постојано ќе оди под нулата, најдобро е целосно да го отстраните акумулаторот и да го чувате на топло и суво место. Независно од тоа каде ќе го чувате акумулаторот, надополнувањето е задолжително.

Мит за акумулаторите: Доколку се чува акумулаторот на бетонска подлога, тој нема да се испразни. По природа, акумулаторите кои се полни со течна киселина постепено се празнат, бетонската подлога нема никакво влијание на овој процес.

Пред да ја заспиете, задолжително избањајте ја вашата убавица4. Чистење и подмачкување
Прашина, песок, асфалт, нечистотија која ќе започне да кородира и да ги уништува металните делови доколку не се отстрани пред зимата. Исчистете го вашиот мотор детално пред да го гаражирате. Подмачкајте го ланецот убаво, и не заборавајте да ги подмачкате сите подвижни делови како што се сајлите. Препорачливо е да се користи и спреј за заштита на метал на долниот дел од рамот и запчаниците. Со ова ќе ги заштитите од корозија сите делови изложени на гребаници. НЕ е препорачливо да се користи WD-40 за мотор кој ќе ја помине зимата покриен.

5. Проверка на гумитеДоколку имате компресор, издишете ги гумите целосно за да ја отстраните влагата
Осигурајте се дека гумите се прописно напумпани. Доколку имате компресор, издишете ги гумите целосно за да ја отстраните влагата помеѓу гумата и бандажот, а потоа повторно напумпајте ги. Истата постапка потребно е да се направи повторно на пролет, пред првото возење.

Доколку можете, подигнете го моторот од земјата, така да гумите бидат во воздух. Оваа постапка е посебно важна доколку моторот се чува во смрзнувачки услови. Доколку користите "рино" за поткревање на моторот, осигурајте се дека е стабилно поставен на тлото. Честопати се случува држачите да попуштат доколку се оставени подолг период под постојан притисок.

6. Покријте ја вашата заспана убавица
Дури и да го чувате моторот во затворена просторија, потребно е да го покриете. Користете покривка низ која ќе струи воздух, не најлон. Внимавајте да не оставите влага под покривката, добро пребришете го моторот со сува крпа, посебно металните делови. Доколку го чувате моторот во гаража или слично место, затворете го издувот за да спречите некое животно да си направи зимски дом во него. Можете да користите пластична кеса, која ќе ја држи настрана и влагата.

Обезбедете соодветна покривка за вашиот мотор

Во суштина тоа е тоа. Постојат уште стотици совети (полнење на гумите со азот, итн.), но начелно со придржување до советиве ќе се осигурате дека вашата инвестиција безбедно ќе ја помине зимата. Откако ќе го гаражирате моторот, погрижете се да оддолеете на желбата повремено да го запалите моторот, барем додека не сте спремни да го испуштите стабилизираниот бензин, и да започнете да возите повторно.

Додека вашата убавица спие, можете да почнете да работите на проектите кои ви се вртеа низ главата цела сезона: нова боја, поправка на некоја пластика, airbrush?

Back To Top