Корисни текстови

Ако ви дозволуваат условите, можете да возите и на снег

Ако погледнете внимателно во декември, ќе забележите дека има многу малку мотоцикли на улиците. Возачите кои ја немаат таа среќа да живеат во земји каде што е топло преку целата година, се подготвуваат за задолжителната три месечна пауза, но не мора да биде така.

Следете нè на:

 

Ако погледнете внимателно во декември, ќе забележите дека има многу малку мотоцикли на улиците. Возачите кои ја немаат таа среќа да живеат во земји каде што е топло преку целата година, се подготвуваат за задолжителната три месечна пауза, но не мора да биде така.

Ако ви дозволуваат условите, можете да ја продолжите сезоната на возење. Освен ако не живеете на северниот пол, сигурно ќе има неколку денови во кои ќе можете да возите, чисто колку да останете во форма.

Не велам дека треба да возите на секакви услови, но ако има малку сонце и улиците се чисти, зошто да не отидете до работа и назад со мотоцикл. Нема да биде исто како да возите во лето, но сепак барем ќе возите.

if conditions allow you can ride in the snow 113642 1

Се плашите да не почне да врне снег додека сте на работа? Ако уличната служба си ја заврши својата работа, тогаш безбедно ќе стигнете дома. Само запомнете дека морате да бидете многу внимателни. Оваа ситуација можете да ја погледнете и на видеото подолу.

Додека повеќето возачи би зеле такси до дома, овој возач сака да го тестира својот лимит и решен е да си отиде дома со мотоциклот без разлика на тоа што врне снег и улиците се замрзнати. Запомнете, тој вели дека вози мотоцикл од многу одамна и дека има големо искуство.

Пристигна безбедно и немаше ниту еден проблем. Ако и вие сакате да го направите истото, морате да внимавате на неколку работи. Прво, ви треба соодветна опрема. Ако ви е ладно и ако не гледате ништо, тоа значително ќе влијае на вашето возење.

Второ, ова треба да го правите со стар мотоцикл за воопшто да не се грижите ако случајно го оштетите.

Пред да почнете да возите, секогаш проверете дали тракцијата е добра. Ако не се чувствувате конфорно, оставете го мотоциклот. Ако пак се решите да возите, оставете поголем простор меѓу вас и возилото кое се наоѓа пред вас. Исто така внимавајте и на површината и возете на трагите што ги оставиле возилата кои поминале пред вас.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!