Корисни текстови

Алкохолот и моторите

mala_motor-i-alkohol.jpgВо последните години казните за возење под дејство на алкохол драстично се зголемија со цел да се намалат сообраќајните незгоди предизвикани од пијани возачи односно да се предомислат возачите да пијат кога возат.

Следете нè на:

 
Моторите и алкохолот не одат заедноМоторите и алкохолот не одат заедно

Во последните години казните за возење под дејство на алкохол драстично се зголемија со цел да се намалат сообраќајните незгоди предизвикани од пијани возачи односно да се предомислат возачите да пијат кога возат.

Во секој случај, возењето на мотор под дејство на алкохол е премногу опасно без разлика на казните.

Прво и основно далеку е посмртоносно отколку возење автомобил под дејство на алкохол. Возачите на моторите ја немаат заштита која ја нудат каросериите на возилата, всушност според едно истражување на светската асоцијација за безбедност на патиштата, моторциклистите имаат 26 пати поголема веројатност да загинат во сообраќајна несреќа! Јасно е зошто е тоа така, се работи за причината заради која и возите мотор, слободата на патот, отвореноста. Но истовремено тоа значи и немање воздушни перничиња, појас и разни други безбедносни опции, само асвалт и многу возила околу вас. 

Вториот факт кој укажува на големиот ризик е податокот дека моторциклистите се возачи кои најчесто завршуваат на детоксикација. Во споредба со останатите возачи на било каков тип на возила, моторџиите имале најголем процент на алкохол во крвта при сообраќајните незгоди. 

Трето но не и најмалку важно, управувањето на моторцикл бара многу поголема координираност и спретност отколку управување со автомобил. Кога возите под дејство на алкохол рефлексите ви се успоруваат, погледот ви е заматен и сте помалку координиран.

Имајќи го сево ова во предвид, а знаејќи дека грешката чини живот, никогаш не заборавајте дека алкохолот и моторите НЕ одат заедно.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!