Возењето мотор е прекрасна работа, но не е за секого. Доколку си тазе моторџија или имаш намера да купиш мотор, прочитај го текстот.

Откако се создадени моторите, луѓето имаат многу различни причини зашто би поседувале некој модел.

Возењето е забава, брзина, чувство на слобода и моќ, каде можете агресивно да се потпрете на аглите од коловозот, искуство на воздух под отворено небо, и ништо слично на тоа.

Возењето мотор е прекрасна работа, но дали е за тебе?

Според сите овие атрибути, на пазарот можете да најдете се подобри и подобри машини, и возачи исто така кои ќе ви кажат колку е забавна нивната работа и колку адреналински начин на живот имаат.

Возењето може да биде одлична активност но не е за секого. Некои луѓе кои можат да се проценат, јасно ќе ви кажат "не благодарам, грешката чини живот".

Текстот е напишан во соработка со Motorcycle Safety Foundation (MSF), кои што минатата година објавија брзи совети во публикација со наслов "дали вие треба да возите мотор?"

Организацијата е спонзорирана од страна на компаниите за мотори, кои велат дека има луѓе дека треба да се држат настрана од моторите, заради нивно добро.

Повеќето од нас познаваме луѓе кои што одбиваат да возат мотор, пред се бидејќи се загрижени околку повредите и евентуалната смрт предизвикана од несреќа со брзото возење. Или пак самите тие се откажале од тоа задоволство после некоја доживеана несреќа, каде лично возачот бил повреден, или пак повредил некој свој близок.

Сепак, возењето мотор носи ризик.

Директорот на MSF, Ken Glaser, го промовираше специјалниот проект Брзи совети, за кои смета дека има потреба секој кој планира да се качи на мотор да ги познава. Во согласност со 9.000 инструктори, на MSF мрежата, се истакнаа потребите од основните курсеви за возење, кои мораат да се поминат, за луѓето, полесно да се справат со својот мотор и своето прво патување.

Glaser рече дека луѓето се забавуваат на курсот. Поминуваат низ 101- ниво, кои се стимулативни и лесни. Но има и такви кои сметаат дека курсот е напорен и стресен. Некои луѓе од групата, после одредено ниво може да се одлучат да пробаат сами да возат.   

Toj се надева дека сите сериозно размислуваат дали тие се створени за мотор, и дали се подготвени да ги прифатат сите ризици. MSF истакна 10 прашања за сите  вас:

Првото прашање на листата може изгледа иронично. Тоа е "Дали сте спремни за изложување на поголем ризик од останатите луѓе?"

Многу од возачите би рекле, "Секако дека сум, затоа и сакам да возам!"

Но што точно тоа значи, рече Glaser, може ли да се процени ризикот на управувањето? На пример, дали сакате да следите некого премногу блиску, или дали може да си го загрозите својот живот или нечиј друг? Дали користите мобилен телефон во сообраќај? Дали често се чувствувате бесен на патот?  

Носењето заштитна опрема е задолжително на мотор!

Нема да бидете ни прв ни последен во откривањето дека правењето на грешки при возење со мотор помалку се простуваат. Нешто што можете да промените при возењето со кола, нема да можете со мотор.

Моторот е избалансиран на две тркала. Ако паднете единствената заштита што можете да ја имате е опремата и кацигата.

Ако мислите дека несреќите само им се случуваат на други луѓе но не и на вас, тоа секако дека е ризично однесување.

Следуваат прашањата, "Знаете ли да возите велосипед?" задачи кои бараат добра око-рака-стапало координација.

Крос или скутер е одличен за учење на биланс на две тркала. Со крос можете да се научите да се справувате со високата моќ  на тежок терен, искуство кое подоцна ќе ви биде од корист на улиците при возењето.

Крос моторите се одлична можност да научите правилно да балансирате мотор

 "Дали вие сте склони кон механиката?" ако не, тоа значи дека не се прилагодувате на моќта на две тркала.

"Дали сте со чист ум?" и "Дали ја почитувате машината и опремата кои се опасни?"

Дали сте со чист ум, дали управувате со мотор под дејство на алкохол или дрога? Дали мислите дека е ОК, или дали функционирате подобро после две чаши? Некои да, но MSF не е дел од нив.

Уште еден показател на вашиот ризик е дали прифаќате непотребни ризици со моќните  машини? Колку внимателен ќе бидете вие?

На мотор, вие привлекувате внимание на минувачите кои ќе ве видат, колку моќно застанувате на тротоарот кога кочите, како се справувате во сообраќајот итн.

Постојат многу поединечни променливи операции во возењето, и морате да ги синтетизира сите нив, а притоа да не изгубите контрола. Овие вештини ќе ги научите, но способноста да се фокусирате е предуслов.

"Можете ли да возите автомобил во итен случај?"

Зависи како го толкувате ова, затоа што има разлика во возењето на автомобил и мотор. Моторот вклучува и маневрирањето на 360 степени и дефанзивно возење, како и тоа дали можете да ја измерите стабилноста во кривини и сопирањето на две тркала во отежнати услови (влажен асфалт, песок, масло..), кои дефинитивно многу полесно ќе ги изведете на четири тркала.

Кочењето во отежнати услови бара многу повеќе внимание отколку кочењето со автомобил

Одличен мото возач е оној кој има некое предходно возачко искуство со автомобил и може многу лесно да се справи со нова кола. А одличен возач на автомобил не може толку лесно да се прилагоди на возење со нов мотор.  

Ракувањето на автомобилот во итни случаи е многу важно, додека пак  ракувањето со мотор во такви случаи вклучува многу повеќе учење на нови работи кои што никогаш не би помислиле дека ви се потреби за автомобил.

И на крај, "Дали сте спремни да инвестирате малку време во учење на вистински начин, пред да се качите на мотор?"

Ако сте иден возач, размислите сериозно пред да го земете тој ризик во свои раце, и обучете се пред да решите да возите. А доколку сте искусен возач, можете да им помогнете на сите они кои имаа желба и се заинтересирани да возат мотор, зашто и покрај се нема нешто повозбудливо и опуштено од тоа да се возите под отворено небо на отворен пат. 

Back To Top