Како што знаете, барем оние кои не следат и читаат, решивме да ви доловиме некоја плус информација за историјата на 4-те Јапонски гигантски производители на моторцикли, започнавме со Хонда, ги претставивме Јамаха и Сузуки и овој серијал ќе го затвориме со историјата на големиот конкурент на останатите производители, Кавасаки.

Историјата за настанокот на Кавасаки започнува назад во 1924 година, но слично како и останатите производители, компанијата се бавела со авионската и металургиската индустрија. Во 1949 година решаваат да влезат во мото индустријата и да произведуваат агрегати кои подоцна би биле поставени на моторцикли.

Првиот продукт на Кавасаки: агрегати за моторцикл. Во нивната прва серија можеше да се најдат повеќе различни мотори, на пример 2 татктен мотор со 60 кубни сантиметри, како и мотори со зафатнина од 150 и 250 кубни сантиметри но овие 4-тактни. Агрегатите имаа развиена технологија и беа високо квалитетни, главна причина за тоа е соработката помеѓу Кавасаки и БМВ во авио индустријата.

Официјално првиот целосен моторцикл Кавасаки го произведуваат во 1954 година и е наречен Meihatsu.
Во истиот период сакаат да пуштат во производство серија на скутери. Но се согледуваат со реалноста и навремено се откажуваат од таа намера за производство и на скутери. Главна причина за откажувањето е веќе постоењето на двата конкурентни модели Fuji Rabbit и Mitsubishi Silver Pigeon.

Сега пред да продолжиме се понатамошната историја на Кавасаки, ќе вметнеме една сторија која е и тоа како важна за историјата на Кавасаки.

Не можеме да говориме за Кавасаки ако не ја споменеме една од главните причини за успехот на Кавасаки, причината денес да биде во ист кош со Хонда, Сузуки и Јамаха.

Meguro Motorcycles

Meguro Motorcycles, во тоа време познати како цареви за 4-тактните машини. Оваа компанија е основана 1937 годин. Имајќи одлична комуникација и врска со тогашната влада, компанијата Meguro строго работи само за потребите на Јапонската војска.

Првиот моторцикл на Meguro е моделот Z97. Се работи за  мотор од 500 кубика, конструиран од страна на Swiss Motosacoche. Мора да споменеме дека со овој модел доживуваат огромен успех и популарност и токму овој модел ќе се произведува се до педесетите. Покрај споменатиот модел, Meguro имаа солидни модели со зафатнина од 250 и 350 кубни сантиметри, еден цилиндар и одличен квалитет што потсеќаше на Британските моторцикли во тоа време. Имаа одлична продажба...

Но, во 1958 г од Meguro сакаа да се ослободат од Британското влијание врз нивното производство и работите отидоа во погрешна насока...
Се започнува кога тие ќе пуштат нова серија во продажба, моделите на таа серија ќе се базираат на моделот со кој се имаат тркано на патеката на планината Асама, многу позната трка во тоа време.  Meguro ќе пуштат во продажба три убави и елегантни машини со една брегаста. Се работи за моделите 125cc E3, 250cc F и 350cc Y A. Неочекувано овие модели се произведуваат, но не го привлекуваат вниманието на купувачите, како една од главните причини е тежината на моторот и уште потешкото негово управување.

1955_03 Во тоа време Meguro беше во првите 10 производители се до 1960 година, набрзо беа донесени неколку лоши одлуки и тоа беа клучните моменти за пропаѓањето на овој познат производител. Безизлезната лоша економска ситуација во Meguro ја искористува Кавасаки со комплетното купување на Meguro.

Во 1960 година беше потпишан договорот помеѓу Кавасаки и Мегуро и по 2 години тотално исчезнува тоа име.

Да се вратиме назад во историјата на Кавасаки. Во значајната 1960год. за Кавасаки, тие потпишуваат договор со Мегуро и од Кавасаки одлучуваат сериозно да се фокусираат на мото индустријата.

Тие брилјантни потези и совршени одлуки доведоа до тоа Кавасаки да произведат голем број на моторцикли и да имаат огромен избор. Во тоа време 60-тите Кавасаки на пазарот можеле да понудат секакви модели од мопеди со 50сс до моќни и квалитетни моторцикли од 650 кубика со 2 цилиндра.

Уште еден историски податок кој говори за зелената боја по која е препознатлив Кавасаки. Во Јапонија важело мислењето дека зелената боја е малерозна, односно дека носи лоша среќа. Со цел да докажат дека моторите на Кавасаки се со врвно производство и безпрекорен квалитет, компанијата оди против верувањето на народот и се одлучува за светло зелена боја за своите тркачки модели. Боја по која Кавасаки до денешен ден е препознатлив бренд.

Со ова ја затвараме серијата од неколку текстови за историјата на најпознатите Јапонски производители на моторцикли.

Back To Top