Корисни текстови

Отстранување на кацига при сообраќајна незгода

Во продолжение ќе прочитате како правилно се вади кацига од глава на мотоциклист повреден во сообраќајна незгода.

Следете нè на:

 

vadenje kaciga motociklistЗа да помогнете потребно е да знаете како правилно се вади кацигата

Заштитната кацига се вади само кога повредениот:

  • е во бесознание
  • повраќа
  • не дише и е потребно да се применат мерки за оживување
  • постои надворешно крварење или тешки повреди на главата.

Невнимателно вадење на заштитната кацига е многу опасно, бидејќи повредите на главата многу често се пропратени со повреди на вратиот 'рбет.

При вадење на кацига потребна е помош од друго лице.

  1. Ако повредениот е во бесознание, првиот спасител клечи зад главата на повредениот и со двете раце ги држи долната ивица на кацигата и долната вилица, со цел стабилизирање на положбата на главата.
  2. Вториот спасител стои странично на колена и го отвора визуелниот дел на кацигата (прозорчето) и го откопчува каишот на кацигата.
  3. Потоа вториот спасител ја прифаќа главата и вратот на повредениот, со цел кога првиот спасител ќе ја повлече и извлече кацигата, главата на повредениот да не падне директно на подот.
  4. Откако првиот спасител ќе ја извади кацигата со влечење кон нагоре, тој ја држи главата на повредениот и вратот во стабилна положба (дланките се поставени преку ушите), се додека вториот спасител го заврти повреденениот во странична положба.
  5. Потоа во повеќе наврати се проверуваат виталните функции (свест, дишење, работа на срце).
  6. Повредениот треба да се покрие со ќебе и што е можно побрзо да се повика Итна Медицинска Помош.

Референца: Прва Помош, Црвен Крст На Република Македонија, прирачник за возачи, секција 5.5 стр. 15

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.