Неколку куси совети кои треба да ви помогнат да го проверите мотоциклот пред почетокот на сезоната.

Со оглед на тоа дека се наближува сезоната за возење, наместо веднаш да почнеме со тоа, има неколку работи што треба претходно да ги направиме за да бидеме подготвени за пролетта. Треба да размислите за вашиот мотоцикл. Дали тој е соодветно подготвен?

battery

Прво нешто што треба да го проверите е притисокот на пневматиците. Многумина сопственици го зголемуваат притисокот во текот на зимата со цел да се избалансира со воздухот што ќе биде загубен во текот на зимата. Затоа подгответе се за пумпање.

Ако ја оставивте батеријата (акумулаторот) да се полни во текот на зимата, тогаш во ред. Ако не, тогаш ќе треба сега да ја наполните. Но сепак, некои батерии не може да се наполнат доколку целосно се испразниле па добро е да ја проверите пред да го испланирате викендот.

Погрижете се се да функционира како што треба. Внимателно проверете го светлото, вклучително долгите и кратките светла. Проверете ги сајлите и дали рачките можат да се свртат од едниот до другиот крај. Ако нешто ви откаже на почетокот на сезоната тоа би биле семеринзите. Само поминете со прстот преку нив да видите дали од некаде испуштаат масло.

Препорачливо е да го промените моторното масло пред почетокот на сезоната, иако можеби минатата сезона не сте поминале голем број на километри. Не заборавајте да го проверите, исчистите и подмачкате ланецот.

Воедно, не заборавајте дека возачите на автомобили сѐ уште не се навикнати на мотоциклите во сообраќајот, па ќе треба да отворите „четири очи“.

Back To Top