Најновите спортски-туринг пневматици нудат одлична стабилност при влажни услови. Сепак има луѓе кои мислат на секој детал и ги тестираат дури и најмалите работи за да видат дали има некакви подобрувања.

Најновите спортски-туринг пневматици нудат одлична стабилност при влажни услови. Сепак има луѓе кои мислат на секој детал и ги тестираат дури и најмалите работи за да видат дали има некакви подобрувања.

Главниот проблем при возење на дожд не е стабилноста ниту пак како реагира гаста туку можноста да гледате каде возите и да бидете концентрирани.  Светлата кои ви доаѓаат од спротивна страна за време на ноќно возење како и лошата проценка кога да претекнете се многу поопасни отколку возење на дожд.

vozenje motor na dozd

Возење на магла е вистински кошмар но сега има кациги со специјални стакла кои ви го олеснуваат возењето. За да бидете целосно сигурни, стаклото на кацигата можете да го поминете со специјално средство кое веднаш ги отстранува капките од дожд.

Ако ви е непознато возењето на дожд, погледнете некоја трка од MotoGP шампионатот која се оддржала на влажни услови. Многу лесно ќе сфатите како треба правилно да возите. Правилата на возење повеќе или помалку се исти. Но како се прави тоа?

Најчесто треба да возите во брзина во која гаста се чувствува дека е најмногу поврзана со задната гума. Возете во поголема брзина од вообичаеното (пр. трета наместо втора), бидете мирни со гаста и не заборавајте дека навртувањето на рачката на гас нема да направи ништо добро. Немојте да правите нагли вртења. Не притискајте нагло на сопирачките. Можете и силно да притиснете се додека создавате непречен трансфер на тежината, едноставно започнете со кочење порано отколку кога кочите на суви услови.

Секако сето ова е возможно само доколку имате пневматици кои не се истрошени и премногу стари. Не заборавајте да ги прочитате советите за пневматиците и навикнете се да возите и на дожд, за кусо време ќе сватите дека можете да го возите вашиот љубимец на две тркала преку целата година.

Back To Top