Корисни текстови

Постарите возачи имаат поголеми шанси да се повредат

Според најновото истражување кое доаѓа од САД, возачите постари од 50 години имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница после судар отколку помладите возачи.

Следете нè на:

 

older-bikerПостарите моторџии имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница после судар.

Според најновото истражување кое доаѓа од САД, возачите постари од 50 години имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница после судар отколку помладите возачи.

Во извештајот се анализирани податоци од периодот помеѓу 2001 и 2008 година и во него биле собрани информации од преку 100 болници кои имаат ургентен оддел. Преку 1.5 милиони мотоциклистички несреќи биле забележани во овој период.

Мотоциклистите постари од 50 години имаат три пати поголеми шанси да завршат во болница, а 2,5 пати поголеми шанси да се здобијат со посериозни повреди во споредба со групата на возраст од 20 до 30 години.

Авторите на студијата велат дека времето потребно да се реагира и слабиот вид се главните фактори против постарите возачи, додека големиот степен на повреди може да се должи на намалената сила на коските.

Има помалку несреќи тука во Велика Британија отколку во САД. Имавме добра обука на возачите во изминативе 40-50 години, додека во САД тоа е поинаку поради големината и различните закони во секоја држава. Исто така возењето под дејство на алкохол е многу поголем проблем таму. Има голем избор на тестови тука. Доколку повторно се одлучите да возите мотор би било добро да поминете обука. Оние кои редовно возат треба и редовно да ги подобруваат своите вештини.изјави Крис Ходер, еден од авторите, во интервјуто за BBC.

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.