Корисни текстови

Внимавајте, од денеска камерите на МВР во Скопје снимаат сѐ!

kameri-skopje-e1336383387753„Безбеден град“ е најновиот проект на МВР, кој значи конечно вклучување на безбедносните камери што беа поставени речиси пред две години на сите прометни раскрсници во Скопје. Проектот е дел од прославата на 7 Мај – Денот на полицијата.

Следете нè на:

 

kameri-skopje-e1336383387753„Безбеден град“ е најновиот проект на МВР, кој значи конечно вклучување на безбедносните камери што беа поставени речиси пред две години на сите прометни раскрсници во Скопје. Проектот е дел од прославата на 7 Мај – Денот на полицијата.

На најфреквентните места, на раскрсниците, на влезот и излезот од Скопје, булеварите, мостовите и на улиците што се оптоварени со сообраќај се поставени повеќе од 100 камери. Снимките освен за сообраќајни прекршоци ќе се користат и за откривање криминалци. Има камери што снимаат само во една позиција, но има и такви што снимаат 360 степени.

Проектот значи и дека казната за несовесните возачи што ќе бидат фатени од камерата ќе ја добиваат на домашна адреса.

„Над сто позиции во главниот град се покриени со овие безбедносни камери, а на дел од позициите се поставени камери со можност да снимаат најситни детали. Ниеден сообраќаен прекршок нема да и побегне на камерата“, велат во МВР.

Камерите се поврзани во еден единствен мониторинг-систем.

Извор: „МКД.мк

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!