Корисни текстови

YEC-8: Паметен полнач за акумулатори од Јамаха

Она што го прави YEC-8 подобар од останатите е тоа што полначот постојано го ангажира акумулаторот, го полни, го остава да се подиспразни па повторно го полни.

Следете нè на:

 

1YEC-8 за мотоцикли и YEC-40 за поголеми акумулатори 

Yamaha го претстави својот паметен полнач за акумулатори на мотоцикли кон крајот на 2009-та година, за во изминатите години полначот да стане препознатлив низ целиот свет како идеално решение за зачувување на акумулаторот.

Она што го прави YEC-8 подобар од останатите е тоа што полначот постојано го ангажира акумулаторот, го полни, го остава да се подиспразни па повторно го полни. Ова е постигнато благодарение на комплексните алгоритми кои се дел од полначот, а се изработени во партнерство со „CTEK“. Целта на симулираната работа е да не се остави акумулаторот под постојан напон што кај некои акумулатори може да доведе до расипување.

2Деловите кои ги содржи YEC-8

YEC-8 доаѓа во пакет со клеми кои се монтираат на самиот акумулатор, но и кабли кои можете да ги ставите на постоечките штрафови доколку полните друго возило.

4„Comfort Connector“ се поставува еднаш на самиот акумулатор

Клемите или „Comfort Connector“ како што се нарекуваат ќе ви овозможат на едноставен начин да го полните акумулаторот. Еден дел од конекторот осанува постојано врзан на акумулаторот на моторот, а другиот го вклучувате по потреба, без притоа да го расклопувате моторот секојпат кога ќе треба да го полните.

5Конекторот се остава под седиште, на дофат на рака, за да не го расклопувате моторот постојано

Идеален е за зимно време кога повеќето од нас ги чуваат моторите во гаража, па наместо да ги палиме моторите секојдневно за да го зачуваме акумулаторот, или да го носиме со себе, доволно е само да го вклучиме YEC-8 во струја.

7Едноставен начин да го заштитите акумулаторот и да заштедите пари

Полначот има заштита од краток спој, нагла промена на напонот па дури и од погрешно врзување на клемите, а во пакувањето ќе најдете и одлична торбичка во која ќе можете да ги чувате сите кабли и самиот полнач.

3Торбичка за чување на полначот

YEC-8 можете да го купите во салонот на Мото Азуро во Скопје по цена од 4.500 денари, а неговиот поголем брат YEC-40 (кој се користи за полнење и на поголеми акумулатори) чини 6.100 денари.

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!