Корисни текстови

Како да ја заштитите косата додека возите?

Soveti za motordzikiЕве што кажуваат фризерите и жените кои решиле да му се посветат на мотоциклизмот – ова е нивниот начин да ја одржат косата здрава и да ја подготват за брзо возење.

Следете нè на:

 

Soveti za motordzikiКако да ја заштитите косата додека возите?Еве што кажуваат фризерите и жените кои решиле да му се посветат на мотоциклизмот – ова е нивниот начин да ја одржат косата здрава и да ја подготват за брзо возење.

Soveti za motordzikiКако да ја заштитите косата додека возите?
Без разлика дали имате кратка или долга коса, и дали носите кацига или не, секој од нас барем еднаш бил принуден да се справува со „гнездото“ на главата после добра сесија возење.

Некои од вас можеби ќе речат дека фризурата не е важна се додека моторот ви го крева адреналинот, но знаеме дека длабоко во себе сите посакувате да ја упростите работата. Еве што кажуваат фризерите и жените кои решиле да му се посветат на мотоциклизмот – ова е нивниот начин да ја одржат косата здрава и да ја подготват за брзо возење.

Не е важно колку е долга вашата коса, овие информации се корисни за секој од вас.  

1.      Рамната коса потстрижена во една должина е најдобар избор за жените кои носат кациги.
 

2.      Трудете се да носите марама под кацигата за да ја задржите влажноста на косата.  

3.      Ако имате шишки, препорачливо е да носите мало шишенце со прскалка полно со вода, и да ги попрскате шишките кога ќе ја извадите кацигата. Користете ги прстите за да ги разбушавите и наместите како што ви се допаѓаат.  


4.      Може да поставите мало сунѓерче помеѓу кацигата и вашата глава за да одбегнете сплескување на косата.  


5.      Користете производи што одговараат на типот на вашата коса, и такви кои ве заштитуваат од различни оштетувања – сонце, ветар, прашина...  


6.      Избегнувајте да се чешлате после возење, затоа што единствено што ќе постигнете е кршливост на влакното. Ако не ви се чека, обидете се да ја отплеткате со прстите, а потоа исчешлајте ја со четка со крупни запци.    


7.      Никогаш не користете четка додека косата ви е мокра. Така ќе ја истегнете и оштетите, а резултатот се раздвоени врвови. Четката со крупни запци ќе ви заврши работа и во овој случај.  


8.      Целата коса ви се стутка и ви доаѓа да се потстрижите нула? Има друго решение – тркнете до тушот и зграбете го регенераторот. Во оваа ситуација тој е вашиот најдобар пријател. Нанесете го на косата и полека со прстите обидете се да ја отплеткате; кога ќе забележите дека има ефект, дозволено ви е да користите чешел. Бидете нежни и работете полека, затоа што косата се оштети во моментот кога се стутка. Ваше е да се обидете да не направите полошо.    


9.      Избегнувајте да ја изложувате косата на сонце; тоа предизвикува сушење и ја прави подложна на кршење. Некои производи во вашата најблиска продавница сигурно содржат УВ – филтри, па побарајте токму таков шампон, спреј или гел.  


10.  Редовно потстрижувајте ја. Тоа подразбира барем еднаш на секои 6 недели, затоа што на тој начин ќе ги отстраните раздвоените врвови и штетата што настанала додека возевте.


Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.