Корисни текстови

Зошто муабетот „ќе купам јак мотор, ама нема да возам брзо“ е голема глупост

Ќе си речат, „Ќе бидам добро на 600/750/1000 бидејќи ќе ја почитувам гаста и мотоциклот ќе се движи оноклу брзо колку што ќе му дозволам.“ Глупости.

Следете нè на:

 

Постојано ја слушаме оваа фраза, особено кога некој планира да го купи својот прв мотоцикл и не сака да слушне совет од поискусен возач.

Ќе си речат, „Ќе бидам добро на 600/750/1000 бидејќи ќе ја почитувам гаста и мотоциклот ќе се движи оноклу брзо колку што ќе му дозволам.“

Глупости.

Најголемиот одлучувачки фактор кога планирате да купите нов мотоцикл е што ќе се случи кога ќе направите грешка. Грешка која сигурно и ќе ја направите. Ваквите грешки на мотоцикл на кој воопшто и не треба да бидете на прво место, ќе предизвика големи проблеми за вас, а веројатно и за луѓето околу вас.

Why dont start on 600ccГолем мотор, големи проблеми

Да ви дадам неколку примери:

1. Се сеќавам во 2009 година бев лидер на едно групно возење. Ни се приклучи нов возач и ни кажа дека ќе остане на крајот на колоната. Рече дека ќе возел бавно и ќе го почитувал мотоциклот. Возеше нов Kawasaki ZX-10R. Го стори тоа што го кажа, беше бавен и мислеше дека го почитува мотоциклот. Но, удри во дупка. Испаничи и силно притисна на гаста, а задната гума почна силно да се врти. Не знаеше што да прави и ја затвори гаста, во моментот кога гумата престана да пролизгува го катапултираше од моторот и тој се удри во дрво. Да возеше послаб мотоцикл, задната гума немаше да му го направи тој проблем. Да беше поискусен, ќе знаеше дека не треба да ја затвори гаста. Така заврши во болница, а и го уништи мотоциклот.

2. Возев со еден помлад возач и му помагав да научи правилно да вози. Возеше K6 750. Се движевме со брзина од 50-на км/ч. Мислеше дека вози во трета брзина, а всушност тој возеше во втора. Притисна на менувачот и наместо во втора, тој смени во прва брзина и го исправи мотоциклот на едно тркало. Го фати паника и ја остави гаста отворена. На себе носеше само тенка јакна и фармерки. Мотоциклот се преврте преку него и заедно паднаа на асфалтот. Голем дел од мотоциклот се скрши и го испрска со врело масло. Всушност, тој беше цел во масло, се лизгаше по асфалтот, а мотоциклот беше врз него. Никогаш немам слушнато возрасен човек толку да вриска и да плаче. Мотоциклот беше комплетно уништен.

Ова се само два примери. Има уште многу, но не сакам сега да ги кажувам.

Само се надевам дека фразата „ќе го почитувам мотоциклот“ ќе исчезне. Не можеш доволно да го почитуваш мотоциклот за да не направиш грешка. Тоа важи за сите, вклучувајќи ме и мене. Од нашето искуство зависи како ќе се справиме кога ќе се случат таквите незгоди.

Започнете со нешто помало. Не брзајте.

Се надевам дека ова ви помогна. 

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!