MK мотоциклисти на меѓународни трки

Бузалковски: Целиме кон повисоки шампионати!

Христијан Бузалковски (Бузо), нашиот најмлад натпреварувач во брзински моторциклизам, додека трае оваа летна пауза, реши да сподели дел од своите планови и плановите на неговиот тим.

Следете нè на:

 

Христијан Бузалковски (Бузо), нашиот најмлад натпреварувач во брзински моторциклизам, додека трае оваа летна пауза, реши да сподели дел од своите планови и плановите на неговиот тим.

motoriХристијан Бузалковски

Да напоменеме дека Бузо ја вози својата најдобра сезона до сега, во бројки, од 9 трки дури 8 пати го видовме на подиумот, 8 пати нашето знаме беше развеано на пиедесталот. Резултат кој е за почит и е повеќе од одличен, со оглед на тоа дека доаѓа од земја каде што брзинскиот мотоциклизам не постои!

Според Бузо, фали уште малку труд за да биде се како што треба па во продолжение го пренесуваме неговиот коментар.

Здравоо, да точно е, од 9 трки, 8 пати бев на подиум и тоа е одличен резултат за мене и за мојот клуб Enduro Team Vodno, но сепак има уште нешто што ни фали за да дојдеме до првата позиција, според мене е грам среќичка, но и уште малку знаење, бидејќи за разлика од моите конкуренти ние сме нови во ова и притоа доаѓаме од земја каде што мотоспортот е на едно пониско ниво, за разлика од другите земји, каде што мотоспортот е поразвиен. Но сепак, работиме напорно, од трка во трка, гледаме моторциклот да биде што е можно поспремен, поконкурентен, да биде што е можно полесен за возење и се надевам дека на некоја од тркиве тоа и ќе го постигнеме и ќе дојдеме до резултатот кој го чекаме јас и мојот тим, а и целата наша држава. Воедно, јас и мојот тим планираме да се појавиме на еден од поелитните шампионати, односно Европскиот шампионат Alpe Adria, и се надевам дека ќе успееме да го оствариме тој план, секако мора да напоменеме дека доколку се донесе конечна одлука, ќе мора веднаш по завршувањето на оваа сезона да се започне со подготовки за следната, бидејќи треба комплетна обнова на моторциклот и на транспортните возила. Секако тоа за мене ќе биде нешто комплетно ново, непознато, но како и секогаш работам да го дадам својот максимум и се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата!Христијан Бузалковски

На Бузо му посакуваме многу среќа до крајот на шампионатот, се надеваме дека успешно ќе ја заврши сезонава и дека ќе му се исполнат плановите за следната.

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!