Викендов на патеката Серез во Грција се возеа 8-та и 9-та трка од Европскиот БМУ шампионат во брзински мотоциклизам, каде настапија тројца македонски возачи, Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата 125цц, а Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) и Слободан Ивчески (МК Сакамото) во класата F1000.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеа 8-та и 9-та трка од Европскиот БМУ шампионат во брзински мотоциклизам, каде настапија тројца македонски возачи, Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) во класата 125цц, а Игор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) и Слободан Ивчески (МК Сакамото) во класата F1000.

Оваа рунда ја одбележа жешкото време во Серез, на патеката се најдоа 81 возач од 6 држави (Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција и Романија)

buzo seres 2017 1

Христијан Бузалковски ги оправда очекувањата во целост, тој дојде до втората позиција во саботата, а истиот успех го забележа и во неделата. Бузалковски продолжува со успешните настапи на меѓународна сцена книжејќи 40 бодови од двете трки во Грција. На четири трки до крајот на шампионатот тој се наоѓа на третата позиција со заостанување од 31 бодови зад второпласираниот Милен Георгиев (Бугарија) и 32 поени зад водечката Жулиета Ленкова (Бугарија).

На првата трка Бузалковски беше во водство во првите 7 кругови, откако Жулиета успеа да го помине, во следниот свиок тој за да избегне судар со неа излета од патеката. За среќа не доживеа пад, се врати на трката и успеа да заврши на втората позиција. Во неделата на втората трка битката за победата се водеше помеѓу Милен и Христијан, борба до самиот крај во кој за жал се вмешаа возачите од Турција кои иако не се бодуваат се најдоа на патот на Бузалковски 

buzo seres 2017

Во класата F1000 двајцата наши натпреварувачи извозеа под очекувањата. Успех кој е далеку од лош но навикнати сме да ги гледаме на повисоки места, за среќа шампионатот не е составен од една трка па бодовите кои ги освоија се од огромно значење во борбата за генералниот пласман.

Слободан Ивчески се соочи со големи проблеми со својот мотоцикл, за време на квалификациите менувачот на неговата Хонда се скрши па и покрај сите напори немаше можност да се поправи мотоциклот. Ивчески одлично се снајде во целата ситуација откако изнајми тркачки мотоцикл од Грција. Мотоциклот кој беше нов за него не беше ни подготвен како што треба па на првата трка тој заврши на 13-та позиција. Во неделата тој ги среди недостатоците на изнајмениот мотоцикл па иако возеше со стара гума успеа да заврши на солидното петто место.

cobo seres 2017

Игор Спиров го започна викендот со одличен резултат на првите квалификации но и пад. За среќа мотоциклот беше поправен пред трката па тој стартуваше одлично и беше водечки неколку кругови. Потоа се случи пад на еден од поспорите возачи (на стазата во Серез имаше 21 возач во класата до 1000цц) и беше истакнато жолтото знаме, а Спиров го намали темпото. За жал на крајот на трката Спиров мораше да се задоволи со шестата позиција, резултат кој го повтори и на неделната трка за вкупно 20 поени од оваа рунда.

zizi seres 2017

До крајот на шампионатот преостануваат уште четири трки:

Европски БМУ шампионат во брзински мотоциклизам 2017
Трка Датум Патека Земја
1 и 2 7-9 април Серез Грција
3 и 4 22-23 април Мотор Парк Романија
5 29-30 април Плевен Бугарија
6 и 7 20-22 мај Мотор Парк Романија
8 и 9 7-9 јули Серез Грција
10 23-24 септември Батајница Србија
11 01-02 октомври Плевен Бугарија
12 и 13 27-29 октомври Серез Грција
Back To Top