MK мотоциклисти на меѓународни трки

Цобо (МК Сакамото) се подготвува за настап на Европскиот шампионат во супермото

thumb_ktm027Новиот KTM SMR 450 пристигна во гаражата на нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600цц, Слободан Ивчески од мото клубот Сакамото. Бидејќи последниве години се потешко се организираат трки од брзинскиот мотоциклизам Цобо одлучи меѓународниот настап да го фокусира на супермото трки.

Следете нè на:

 

ktm027

Новиот KTM SMR 450 пристигна во гаражата на нашиот најдобар натпреварувач во класата до 600цц, Слободан Ивчески од мото клубот Сакамото. Бидејќи последниве години се потешко се организираат трки од брзинскиот мотоциклизам Цобо одлучи меѓународниот настап да го фокусира на супермото трки.

Изминатите две години Цобо имаше настап на повеќе супермото трки, а притоа го користеше својот мотоцикл Хонда. Бидејќи годинава апетитите за бодови од Европската мото сцена се поголеми, за таа цел тој го набави резервниот мотор на Европскиот шампион во супермото, Бугаринот Ангел Карањотов. Од финансиски причини моторот не е со целокупната опрема која ја имал Карањотов, но во секој случај се работи за супермото мотоцикл кој ќе биде многу по конкурентен од досегашниот.

Првиот тест на новиот мотор ќе се одржи наскоро на патеката Серес, а доколку се најдат спонзори кон крајот на месецот Цобо ќе настапи на трка од Шампионатот на Турција во супермото. Како и обично финансиите се главен проблем за успешен настап на нашите спортисти, па нека биде ова отворен повик од нас до сите заинтересирани за спонзорство, да ги контактираат МК Сакамото со цел да се овозможи успешен настап и достојна презентација на Македонија на ова натпреварување.

Сезоната во Европскиот Шампионат во супермото започнува во Април со трката во Романија, а завршува со трката во Турција. Годинава ќе се возат вкупно 6 трки (две во Бугарија, по една во Романија, Словенија, Италија и Турција), а целта на Цобо е доколку се соберат финансиски средства да настапи на сите.

Натпревар
Датум
Локација
Организатор/Држава
EC SM01
08.04.2012
Арад
ФРМ/Романија
EC SM02
20.05.2012
Плевен
БМФ/Бугарија
EC SM03
03.06.2012
Плевен
БМФ/Бугарија
EC SM04
19.08.2012
Вранско
АМЗС/Словенија
EC SM05
26.08.2012
 Батипалија
ФМИ/Италија
EC SM06
23.09.2012
Сакарија
ТМФ/Турција

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!